Одот на тоа национално разбудување, како и резултатите до кои доведе тоа, се претставуваат приближно во овој вид: Србите и Бугарите фатија да си ги оспоруваат еден на друг правата врз Македонија: и едните и другите велат оти цела Македонија била нивна.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Капиталистите поседувале сѐ во светот и сите други биле нивни робови.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Вие обичните луѓе, работниците - сте биле нивни робови.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И така, во смртта, за овие таткови сонародници, откорнати од своите, натрапници кај другите, можеше да се постави прашањето: кое било нивното вистинско место во животот?!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Покрај другото, Судот испратил негова фотографија до кајмакамот во Кратово, на која властите и многу поединци потврдиле дека тој бил нивни сограѓанин.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Главна кохезиона сила што цврсто ги поврзувала гемиџиите била нивната фанатична преданост кон своето дело.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Се правдаа, тврдеа дека ме сметаат за исправен, дека знаат оти сум бил ангажиран за помош за прославата на јубилејот на браната, но дека ова била нивна должност и така натаму, како што зборува обично секоја полиција во такви прилики.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Со претераната изведба на тагата, како и на нивната етничка припадност, тие го исмевале барањето високопарна сериозност која хетеросексуалната култура радо им ја придава на семејната трагедија и на припадноста на заедницата, а му се потсмевале на идентитет што, всушност, бил нивен – токму додека и натаму вревеле, во стилот на Најмила мамичке, по почитта што им следувала.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Месото било свежо, здраво, и не полно со хормони како оние купечките - овие кокошки биле нивни и тие ги чувале и ги колеле само во специјални прилики.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Од шолјата се слушаше само „клок-клок-клок“ помешано со шиктењето на водата што одново го полнеше казанчето.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Не ми се верува дека и сега е така во Македонија Ако има божја правда не би требало да е така Зошто инаку би ми кажувале сите дека Македонија Е европска земја во изградба А самите Македонци едно време далдисани Од братството и единството и затрчани по ударнички значки Самите Македонци значи велеа Дека додека трае обновата и изградбата нема одмор А богами начув дека и во последно време Чекореле преродебенички и надградено Иако не разбирам баш точно што е тоа вели Папата Сепак верувам дека еден ден ќе здивне и тој народ Иако никогаш не си начисто со народите чиишто водачи Немаат поумна работа па катаден повторуваат Дека имаат библиски корени Бетер се од папагалите какаду некои водачи на Македонците На кои јазиците им се одамна отечени од извикување празни пароли Ако продолжат така на некои водачи на Македонците Можеби ќе им паралдисаат и очите Од непрестајно гледање во огледалцето од приказните Коешто вешто ја мамело грдата сопственичка Дека најубава на светот е баш таа Така непредвидено ни скршна муабетот со Папата На македонски теми а јас не му кажав ништо за тоа Ни а ни б не реков иако од порано бев чул во близина Некои доселеници како на глас викаат Македонија на Македонците Викаа нешто и за земјата на земјоделците Од што разбрав дека Македонија е земјоделска земја Викаа нешто и за Солун дека бил нивни Ама едни други доселеници викаа уште понаглас
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Таков бил нивниот јаничарски парадокс, на Балканот уште пожесток.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)