До 20-те години на VII век цела Македонија била населена со словенски племиња.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Добро, па како сакате да ви одговориме на факти кои вие сами ги засновате на филолошките безумства на Милоша Милоевиќа: дека Балканскиот Полуостров уште од памти век бил населен со Срби а само 200 илјади Бугари - Татари дошле и ги побугарчиле Србите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А дека Градиште можело и да биде богомилска населба, одредени податоци, и ако од науката неутврдени - поправо не е утврдено точно која била и точно каде била лоцирана односната населба - пружа Виљем Тирски: Напуштајќи го Костур, рицарите на Боуменд нападнале една укрепена населба во битолско-прилепскиот крај, која била населена со „еретици“ - богомили.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Со конвенцијата од Лозана (1923), меѓу Турција и Грција за размена на христијанското население од Турција и муслиманското од Грција, во делот на Македонија под Грција биле населени околу 640.000 доселеници од негрчко потекло и друго христијанско население.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Според пописот од 1928 во делот на Македонија под Грција имало вкупно 1.418.477 жители.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Но, ако се исклучат најјужните околии коишто биле населени со грчко или со турско население, во другите делови на Македонија грчката „сила“ ја сочинувало, главно, македонското и влашкото население, кое ја признавало Цариградската патријаршија.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Се претпоставувало дека патувал со брод, од Солун до Измир, каде што биле населени блиски роднини.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)