Пред неколку дена во Истражниот затвор разбрав дека Ниротакис Алимакопулос развил плантажа и отворил фабрика за преработка на јужно овошје на Крит, а Андон Клековски бил назначен за началник на Центарот за анализа и спречување на трговија со луѓе, на местото на Крумета Волнаровски.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Рацете на Круме Волнаровски му беа залепени со дланките и спуштени меѓу колениците (имав впечаток дека рацете му беа во силен стисок меѓу колениците, за што тој, најверојатно, не беше свесен), а главата му висеше напред така што од мојата страна можев да му го гледам само левиот образ и дел од темето во сиви нијанси како лишај на кутнато дрво.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
При поделбата на власта и територијата: Пердика бил избран за управник на Царството и командант на царската армија во Азија, Антипатар добил функција стратег на Европа, Кратер Простат стратег на Македонија, односно на Царството, за управници биле назначени: Лисамах на Тракија и Понт, Птоломеј на Египет, Антигон на Голема Фригија, Леонат на Хелеспонтска Фригија, Вавилон му би доделен на Селевк, Питон владеел со Мидија, Евмен со Кападокија и Пафлагонија, Асандар со Карија и Киликија и Лаомедон со Сирија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
За седиште на диоцезата Македонија бил назначен градот Тесалоника.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Барањето упатено од НКОЈ го поддржале весниците "Дејли воркер", "ПМ", "Њујорк тајмс" и др.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Како овластен застапник на интересите на НКОЈ бил назначен Рудолф Бичаниќ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Дури и ѕидовите од дворовите биле назначени, каде било скриено!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Барух ѝ ги предал тие планови на Организацијата!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)