бил (гл.) - млад (прид.)

Едни таму виделе жена, која била млада, угул гола и која се покривала само со косата, црна како капинка, други, пак, велат дека таму имало еден ливод, кој личел на светец, со брадулче, но телото му било долго, голо, обрастено само со мов, со опашка, дебело и без нозе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Кога ти си бил млад, ние сме живееле на врвовите од дрвјата“, рече барменот, погледнувајќи во другите муштерии.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Мислиш дека моиве се подобри? - Понекогаш размислувам дали нашиве стари некогаш биле млади.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Поручнику,“ рече Ливајн, „и ти некогаш си бил млад.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Милан отсекогаш се гордееше со тој мост што дедо му го изградил кога бил млад, а бил заштитен од духот на неговата невеста.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не ме видоа; од еден пријател, во берберницата во која се бричев, дознав дека имаат и дете, и дека Земанек станал генерален секретар на Партијата, но дека таа партија ги изгубила изборите, и дека политичката моќ им опаднала; сепак, велеше пријателот, Земанек живее одлично како секретар на Партијата, а има и љубовница: некоја млада девојка која многу личела на Луција, кога била млада.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се насобрале генералите, тие сѐ уште биле млади, на носилка ќе го качуваат по кулата царот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Светските агенции ја пренеле веста дека атентаторот на “Гвадалкивир“ бил младиот Бугарин од Ќустендил Георги Манасов.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Вртејќи ги корењата кон езерото, врбите ја свртеле и сета своја снага кон него: и стеблото и гранките; се извиле над него, ги спуштиле крошните што поблиску до него, до неговиот шум и плисок што им дава живот; сѐ што чинеле, чинеле додека биле млади: ги спуштале гранките како самовилските коси во него, ги киснеле, ги препуштале на ветерот да ги вее, на сонцето да ги суши.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Што ако старине кралици во киното Кастро разбрале за гејството – за тоа како да се биде геј – нешто што геј-мажите од мојата генерација, а и од оние по неа, сосема го превиделе, барем кога биле млади и новодојдени на сцената? ‌Ова ме враќа на првобитната, ризична хипотеза.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ме сожалуваа. Бев дете и немав ставено дланка на женска дојка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Слободната рака предизвикувачки ја потпрела на колк. Но Доце Срменков сепак претставувал загатка и за другите и за неа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се сетил на дните кога бил млад, кога се грабале за него и девојките со мираз.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ме заборавија кога Илчо Просинек почна да раскажува како бил млад роб кај некој трговец Евреин во Солун, слугувал, продавал газија, сапун, сол, суви риби, зашеќерени бадеми и урми, ги миел во саботните попладниња тркалата на стопановиот пајтон, ги тимарел коњите, метел, окопувал јаболкници и лилјачиња, прередувал ќерамиди, хранел пци и мачки и чувал кадрави деца.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Без објаснување во себе и за себе, темен и тромав, неприродно наведнат над живото петно во мантија, со претчувства барал да ја прочита вистината од челото на заспаниот, најпосле, навистина, куќата горела, некој пуштил од дланка пламната птица врз 'ржениот покрив, Гавруш Пребонд или попот Панделиј Каламарис, и тој станал бескуќник; спиел во тесниот дом на шурата Адам Лесновец, јадел негови компири, благословувал на софра со негово вино и осамен бил: не му треба жена, топло месо под ленена кошула и подвижни мали дињи под кожата на градите, му треба мајка на двете негови деца.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како да бил бессилен да ги ослободи жилите и месото од грч и со матни очи барал капка роса скриена од сонцето под лански лист, да ги допре усните и да го убие огнот на пониженоста и мислел - бил млад, остарел, се намалил, премал ќе се удави во таква капка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги забуцал прстите во мекиот хумус на шумските сенки со таква силина што дури почувствувал болка под ноктите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога бил млад, отишол во туѓа земја да печали пари.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нешто го изненадило таткото на татко ми кога тој имал педесетина години а татко ми бил млад.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Нешто го изненадило татко ми кога тој имаше педесетина а јас бев млад.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ние постарите секако повеќе сме проживеале, сме биле млади па сме остареле, па знаеме како е и да си млад и да си поостарен.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
И понекогаш ги пеам старите песни на овој свет, песните што настанале уште додека сум бил млад.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И понекогаш ги пеам старите песни на овој свет, песните што настанале уште кога сум бил млад.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Додека бил млад секогаш летал ноќе, зашто ноќта е како создадена за крилестите луѓе.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)