Овие народи како да биле лишени од некои делови на сеќавањето, од пресудните документи на времето, за да може да се открие полнотата на идентитетот, а сега нему му беше препуштена мисијата да за открие можноста на постоењето на овој последен мост.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Лечејќи го Бојс и учејќи го како да се лечи самиот, Татарите му дадоа втора, посреќна прилика, како возрасен, да ги почувствува топлината и присноста од кои порано бил лишен.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Со тоа, американскиот претседател покажал дека бил лишен од способноста да и се восхитува на музиката.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
А тие беа Бојсовите добри родители, кои му ја обезбедија нужната нега и грижа која ја поправи разорната емоционална штета што ја направија неговите лоши родители, а подоцна и вистинските, физички повреди од кои настрада поради своето лошо владеење.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Морав да признаам дека не сум знаела со кого сум живеела или, не дека сосема сум била лишена од предупредувањето на мојата интуиција, од предупредувањата на моите соништа, а и од конкретни факти, но дека сето тоа не сум го пуштила сосема да продре до мојата свест за да може да бидам онолку потресена колку што било неопходно, и да го преземам она, што било потребно.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Таквиот живот станува контрадикција помеѓу внатрешните чувства на неадекватност и надворешните активности.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)