Најпосле нашол некој младич кој по сѐ му личел на ангел: бил личен, убав и со чиста душа. И го зел за модел.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Тој бил личен претставник на премиерот Черчил.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
По оној дојдов, вашиот пријател, Анатолиј се викал, и многу бил личен. Само срамежлив. Како девојче.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Исто така Фицрој Маклин бил личен претствник на премиерот Черчил.34 Задачата на Маклин, добиена од британската влада, била поподробно да се запознае со состојбата во Југославија и во согласност на нејзината политика да се помагаат оние сили кои се борат против непријателот.35 Британската влада преку свои извори добивала информации за отпорот на партизаните во Југославија и сакала да им помогне.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)