бил (гл.) - избран (прид.)

Била избрана, дури што е непогрешлив знак за добра репутација да работи во Порносек, потсекцијата на Одделот за проза која произведуваше евтина порнографија за дистрибуција меѓу проловите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неговиот дедо Михаило (познат по тоа што едно време бил визитинг- професор на Универзитетот во Беркли, Калифорнија) и мојата баба Добрила (позната по тоа што пред војната била избрана за мис на Врњачка Бања) се брат и сестра, родени во црковен брак од прадедото Милош (познат по тоа што во почетокот на минатиот век во Швајцарија победил на натпревар по боб-санкање така што не знаел како се кочи бобот) и прабабата Даница (позната по готвење оброци со австроунгарски имиња од типот на штрудли, шненокли и шуфнудли).
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Во раководството биле избрани Лео Крзицки, за претседател, Златко Балоковиќ, за потпретседател, и Георги Пирински, за секретар.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Овој расказ на Христов спаѓа во триесет и четирите најдобри раскази што биле избрани за Антологијата од вкупно сто и педесетте раскази колку што биле објавени во разни списанија во годините 1933 и 1934 година.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Завршниот дел од Конгресот бил големиот митинг одржан во халата на Државната селскостопанска изложба, во присуство на 15.000 луѓе.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)