Го праќаа од доктор на доктор, го маткаа од врата до врата, среде лето му закажуваа прегледи за наесен, на грозјебрање, оти сите термини биле зафатени.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Ехото доаѓало од две страни, од местото на ранетите и од дувло на ноќна птица; потоа бувот му се вратил преплашен на својот мрак - оние што не биле зафатени со ранениците се раздвижиле преку чуките и по суводолиците да го собираат заборавениот добиток.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Над смирениот туѓинец преку чие суво грло минала острица на јатаган, Богоја Гулабарин сѐ потивко и потивко плачел.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не се најде дури ни некој таков, кој, после, ко се дозна за тоа, барем само да речеше дека му се присторило нешто така, како да поминува некој по сокаците, но од што умот му бил зафатен на друга страна, да пази на тоа за кое бил одреден да пази, не се сторил ниет ни да помисли дека некој може, ако не е лично Хаџи Ташку со дружината, да се крене на пат по такво време.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Се разбира дека не можам да поверувам дека сите овие измени и преселби се прават за да биде спречено, или најблаго речено, одложено моето заминување.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Во тек било изведувањето на некоја многу важна реорганизација или реконструкција а во времето на вакви зафати луѓето биле зафатени со сложени проблеми.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Крчмарот, ситно, брадосано човече, рече оти леглата биле зафатени, ама ако сака, може - на маса.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)