бил (гл.) - голем (прид.)

Во време на глад и војни, кога била големата светска економска криза, јадеа леб месен од брашно со варени компири, кој им бил многу вкусен...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Бурдел бил голем пријател на југословенските студенти, кои биле негови ученици и се случувало често со нив да го дели сиромашниот залак леб.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Му ја прераскажа својата средба со СС-командирот и потоа двајцата замолчаа. „Што ќе правиме владико?“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Јас Ве молам да не ја спроведувате таа мерка. Тоа би бил големо злосторство.*”
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го сакав Дали заради остриот изглед на неговата архитектура - Кирико е многу сличен - долги сенки, бескрајна далечина, линии кои се собираат во перспектива...лица без облици.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
•Во книгата која ви ја посветија Вам, Ерик Ромер и Клод Шаброл говорат дека Вашата прва идеја била од Опседнат да направите многу пооткачен филм; на пример, директорот на клиниката требало на табанот да го има истетовирано Христовото распетие, за да го гази на секој чекор, бидејќи тој бил голем покровител на црните миси, итн...
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Има и такви кои му забележуваат на Микеланѓело дека бил голем скапџија, божем тоа ги засега баш нив а не фамилијата Медичи.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Лозовите лисја некако кулртулиле од оваа наезда, не толку поради сармичките од лозов лист, колку поради виното од кое, ако не сте знаеле, најмногу светнуваат кубињата на сите цркви во Тоскана, во погледите на белосветските туристички талкачи.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Во VI век п. н. е. Пајонските племиња во војнички поглед биле голема сила во регионот и вршеле напади на Пропонтида и тракискиот брег.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во селото Кресна избувнало ново востание чиј организатор бил бившиот охридски митрополит Натанаил Кучевишки, а како војводи се истакнале Димитар Поп-Георгиев Беровски, Стојан Карастоилов, Ѓорѓи Пулевски и др.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Нивниот број бил голем во источна Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Колку тајноста била голема зборува и фактот што дури и Министерството за снабдување знаело за две или три имиња кои се однесувале на СОЕ.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Арапските роботи биле голема мода во Александрија.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
АНЃЕЛЕ: Тој бил голем. А и многу години кај што бил отиден.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
КАТА: Господ бил голем и за нас, на среќата твоја што си се мачел да ги печалиш.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Била голем талент со блескава пејачка кариера, но при една банална операција на крајници ѝ биле оштетени гласните жици, по што пејачката кариера на врвен солист ѝ била запечатена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Проклет да бидам, талентот ти бил голема магија, болка. Ете, случајот со Тодорче Терзиоски.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Глупости,” рече, „ова се глупости, Круме Волнаровски да се теши со воспалените хемороиди на некојси европеец, и така натаму, значи јас да си ја зашијам устата, да не офкам затоа што некогаш страдал и некој голем човек кој бил голем колку и мене, оти бил затвореник.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Како млад, тој бил голем офицер.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
А целиот Балкан, сине, отсекогаш бил големо бојно поле.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ѓоре, за разлика од татко ми, бил голем бељаџија.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
- Што сте чуле? – прашува Зоки. - Па тоа, дека си бил голем јунак!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ако го изоставиме пиењето, а во пиењето и не беше меѓу првите, и ако заборавиме на карањето, ама и тоа му беше на туѓ јазик, тогаш и не знам која би му била големата вина пред Господа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Влогот бил голем: добивање на Добруџа и Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од тие причини неговиот извештај претставувал "салто-мортале" и давал сосема поинаква слика за населението што живеело во областа Лерин, а особено се разликувал од дотогашните извештаи кои биле доставувани до Форин офис од лицата што биле во придружба на официјални грчки лица и "супервизори" на она што се разговарало и какви информации ќе се добиеле од месните жители.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тие сметале дека во случај „Македонија навистина да е независна, бугарскиот отпор кон оваа солуција можеби не би бил голем, особено по изгубената војна“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На присутните им се обратил претставникот на Претседателот на САД и претседателот на Комисијата за мобилизација, Пол Мекнит, кој меѓу другото истакнал: "Чувствувам дека со манифестираното единство во текот на ова попладне, вие учествувате во настан проткаен со визионерство.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Несомнено дека неговиот „шок“ бил голем кога дошол во непосреден допир со Македонците што живееле на територијата на која требало да ја извршува доверената задача.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во тој момент сигурно дека не постоело ништо што можело да ја промени одлуката Бугарија да остане надвор од Тројниот пакт.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но биле убедени дека "непомирливо спротивставување секако ќе покаже Србија, која полага право и смета дека југословенска Македонија е дел од Србија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Завршниот дел од Конгресот бил големиот митинг одржан во халата на Државната селскостопанска изложба, во присуство на 15.000 луѓе.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тоа било голема касапница.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сакањето било голема несреќа и страдање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие, како што видовме, биле големи конспиратори, меѓутоа, имало некои работи што ги правеле кои не можеле да се скријат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Речиси сите историски аргументи одат во прилог на мислењето дека иницијативата на Гарванов за свикување на Солунскиот конгрес во јануари 1903 година и решението на претстојната пролет да се дигне општо востание биле голем заговор против македонското националноослободително движење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)