бил (гл.) - вклучен (прид.)

Бил вклучен од самиот почеток и знаел сѐ за Долнец и за браната.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тој во последниот момент бил вклучен во гемиџиската акција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Таткото на Ратка бил вклучен во новата градежна пирамида.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Мајка тврдеше дека Татко ѝ се доверувал дека цел живот во библиотеката, трагал по магичниот редослед на читањето кој ги покажувал среќните излези за семејството, одговорите на големите прашања на егзистенцијата, во кои било вклучено и прашањето на враќањето во родната земја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во реализирањето на тие задачи бил вклучен британскиот оддел на СОЕ во Каиро, кој започнал да води пореална политика сообразена спрема реалноста во Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Дрогата не би се рекламирала (судовите решија дека владата мора да воведе построга контрола на „спонтаното“ рекламирање во однос на другите видови реклама).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во цената на дрогата би бил вклучен и дел кој би бил наменет за решавање на општествените проб­леми предизвикани со уживање на дро­гата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)