бил (гл.) - вистински (прид.)

Не знам што повеќе ме погоди во исправката: фактот што стариот грешник станал грешно место или прашањето што се уште ме копка - за кој среќник скопскиот саем таа вечер беше бил вистинското место?
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Но би било вистинска творечка сатисфакција ако ја нема разликата во единственоста и континуитетот на моето чувствување и доживување на Рацина и неговата поезија.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Никогаш не сум бил вистински вклучен во самото создавање на јазикот.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога некој би ставил камера во главава, тоа би било вистинско реално шоу.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тоа би бил вистинскиот одговор.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Henry Ford бил вистински гениј, бидејќи прогнозирал дека неговиот изум ќе стане употреблив предмет за поединецот. Автомобилот значи дека секој ќе биде мобилен.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И покрај фактот што во одделни информации сè уште се правеле обиди од страна на Југословенската влада во емиграција оружените судири во Македонија да им се припишат на четниците, вистината за она што се случувало во Македонија и кои биле вистинските носители на отпорот не можела да се прикрие, а посебно имајќи ги предвид информациите од радиостаницата „Слободна Југославија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во тие информации се известувало и за соработката на единиците на НОВ и ПО на Македонија со единциите на ЕЛАС на територијата на Егејска Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Навистина правев многу работи што не ми се допаѓаа, само за да ја задоволам неа, ама сега гледам дека тоа не бил вистинскиот начин да допрам до неа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ја вознемуриваше и пеењето на птиците.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Вака батка, поттурнатите нејзини желба и изневерените очекувања биле вистинските судии кои се потрудиле не само да ја протуркаат својата правда туку да ја изречат и казната за поука на поколенијата.“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Колку што се сеќавам не му реков на Боге дека не успеа да ме насмее. Можеби згрешив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Меѓу врсниците се делел со големата мудрост, необична за неговите млади години, скромност, човечност, со еден збор - бил вистинска слика на својот поробен, несреќен народ.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Еден ден го прашував татко ми за мајка ми и тој ми раскажа дека ние сме дошле од Чемерика во Крњево, јас тука сум се родила, мајка ми била вистинска Крњевка.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)