- Како не, па јас, освен што ги имам болките во грбот од ништо друго не сум била болна. - рече без двоумење.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Судијата го прашува зошто ја остава, а тој му кажува дека таа е причината што тој се разболел, дека има нешто фатално во неа; пред да ја земе бил здрав како челик, никогаш, од дете, не бил болен...
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Се покажа дека жена му била болна.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ја дале и првата жртва. Ризо Трјаков, 35-годишен, од гевгелиските села, бил болен и не можел да го издржи напорното патување. Неговото тело било погребано в море.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тој никаквец, вели, тресејќи се, тој никогаш не бил болен од ништо!
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Татко, не мене, ами Борко го прегрна со едната рака и го прибра до себе и, слушнав, како тој да бил болен и одделен од дома, а не јас, го праша дали сака од зелените или од црвените бонбони.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Дваесет дни бил болен јунакот, дваесет дни го лекувале со тешки вина и со бели погачи најубавите девојки...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кога првите востанички истрели им дошле до глава на негушките претставници на отоманската власт и кога почнале дивите страженија со аскерот на Емби Лобуд кај селата Прахно и Цер и на некои ритчиња судбински определени за православни и муслимански гробишта, Панделиј Каламарис паднал болен од коњска кашлица.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А за судбината прашај го молчаливион Чучук- Андреј. Тој знае.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Чекај. Никола Влашки пак легнува. Болен е. - Болен е но не поцрнува. Тој никогаш не бил болен ...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во одајчето на Димостен Пелагија си дојде на себе, ама само во однос на јавноста, дека била тешко болна од пренапрегнатост, од самопрегорност, а дека сега треба да го прикрива вистинскиот мотив од што била болна.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Тоа беше едно мало шише во кое имаше некаков лек што го пиела мајка ѝ кога била болна.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)