Кога директорите дознаваат дека извршителот ќе прави попис и проценка на имот и заплена на движни ствари (res mobiles) како извршно средство, конечно ја 276 исплаќаат севкупната сума што ѝ ја должат по сите основи – како за главното, така и за споредните побарувања. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
После изрекувањето на конечната и мериторна одлука на Апелациониот суд, со која на работодавачот му се наложи да ги подмири сите обврски кон Костадиновска, и тоа во рок од осум дена, тој повторно ја игнорираше оваа обврска и пак не ја исплати оваа сума. Затоа, адвокатот на Костадиновска го упатува предметот до извршител (М. Николовска).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По својата форма на формирање СОЕ претставувала хибрид формиран од повеќе одделни организации кои биле формирани за таа цел: од секција Д како дел од тајната известителна служба (Secret Intelligence Service-SIS), задолжена за изведување на саботажи и која била активна на Балканот пред 1941 година; МИР дел од воениот кабинет и Elektra House, задолжен за пропагандна активност.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
И постојано гледаат во дувалото. Дувалото е остаток од некогашен кратер, од некогашен вулкан кој во своето време бил активен, но се смирил, згаснал и создал околу себе плодно земјиште кое обилно раѓа сѐ.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Исто така, иако досега не била активна на поле на работничките права, таа е свесна за предноста од организираното и заедничко настапување пред работодавачот, во форма на синдикат, и во иднина би се вклучила само во некој независен синдикат, ако за тоа ѝ се укаже можност (бидејќи ССМ не ги признава за синдикат!).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ти уживаш, а и комшиите среќни и задоволни од што слушале, небаре биле активни учесници.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)