бил (гл.) - пред (предл.)

Откога се паметува, а овдека се паметува и од времето на времињата што биле пред ова, живее сам таму, во првата спила на Камен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А тоа беше... па, не би можел да ви го кажам датумот, но мора да било пред педесет години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И отец Никодим постојано го сонувал манастирот, но не во пожар, туку онаков каков што си бил пред тоа: убав, богат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Како што сигурно ти кажале, Свети Ѓоргија-Горг бил пред години разурнат и запустен, ама српскиот крал Милутин за свое спасение пак го подигнал, и, како што се правело при промена на секоја власт, и тој му ги потврдил на манастирот неговите права и имоти.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сѐ што било пред тоа Лозан Перуника утре ќе е призрак на скрб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Доаѓаа и разговараа над мене, не знаев кој и не знаев што, конечно легна врз мене мрак на треви или мека сенка на облак, или можеби ме фати стапица на недолговечна смрт, умирав, мислев дека сум мртов, дека смрзнатата кожа ми е гроб под кој веќе нема ни движење ни надежи, нема ништо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Под видливоста на небото нив не ги засегало што било пред тоа и што ќе се случи потоа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Светот е круг, врз тој круг лежи светлина. Надвор од тој круг, зад студените рабови на испраќањето на денот, се постилал еден поинаков свет чија распливнатост се вообликувала само ноќе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Внатре лежел на куп кожи вујкото Јаков, сам и помал отколку што бил пред тоа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор Мечкојад ја бутнал вратата со нога (светецот се затетеравил од ударот, копитото на коњот се допреле до аждерот) и влегол во одајче претесно и за џуџе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа ни го тврди и верата: мажачката била пред сѐ тоа: соединување на двајцата или на двете тела во едно.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И добро е да е така: кога во едно тело ќе се зберат две радости.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Молчи Јоне, трај Бошко на черен, господ бил пред мене, си мислам, и се иставам од местото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)