бил (гл.) - штрк (имн.)

„Кој знае, бре синко, според нишаниве што ни ги кажуваш, вистина како да си бил штрк“, му рекол татко му.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Како било и што било, што се прават тамошните луѓе штркови, другаш ќе ви кажам, браќа им рекол Силјан, сега згора-згора ќе ви кажам оти и јас се сторив штрк на двапати и едно цело лето сум ви седел овде на нашава куќа и сум патил триста маки; арно ама не верувам да ми верувате оти сум бил штрк.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Море ами кој е тој будала што ќе ти верува, бре Силјане, му рекле селаните, оти си бил штрк.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Силјан селаните ги видел оти ним им било како приказна, почнал да им кажува што патил дома дури бил штрк и што видел и што сторил.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Море колку за нив знаеме оти се сторија од брат и сестра две пилиња, му рекле сите, туку тој век друг бил, кога шетал Господ по земи и светците, да слушале луѓето што зборувале, а пак севишниот век повеќе ѓаволот шета по земјава, да од тоа тебе не те веруваме да си бил штрк.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Кога му ја виде Божин ногата, на чудо беше станал тој и сите селани; арно ама пак нејќеле да го поверуваат оти бил штрк.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Силјан на селаните и видел оти ним му било како приказна, почнал да му кажуат што патил дома дури бил штрк и што видол и што сторил.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Како било и што било што се праат тамошните луѓе штркои, другаш ќе ви кажам, браќа - му рекол Силјан - сега згора - згора ви кажуам оти и јас се сторив штрк на два пати и едно цело лето сум ви седел овде на нашава куќа и сум патил триста маки; арно ама не веруам да ме веруате оти сум бил штрк.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Откоа виде Силјан оти не го веруаат, почнал да му кажуат што му праел на татка си, како го поучуал татко му и тој не слушал, како се главил со дуовнокот, како влегол во морето, како се нашол на долна земја, како праел муабет првата вечер у Аџи Кљак - кљак, како му прикажуал за старецот што го отепале децата и колнал, како излегле двата извора, откоа му изумреле сите деца од големата сипаница, како се сторил штрк и си врзал шише на гуша и како патуал од штрковата земја преку широкото море, како дошол над Плетвар и го окршил шишето, та си останал штрк и си дошол дома.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Море колку за нив знајме оти се сторија од брат и сестра две пилиња - му рекле сите - туку тој век друг бил, коа шетал Господ поземи и светците, да слушале луѓето што збооруале, а пак сегашнио век поеќе ѓаолот шетат по земјава, да од тоа тебе не те веруаме да си бил штрк.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Море браќа бре, Ами Силјан ет шетан чоек - му рекол некој стареа - тики видел земја секаква, ти видел морето, тики со секакви луѓе се кунуштисал, да од тоа Силјан се научил вакви приказни и сторенија да ни кажуат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Море, ами кој е тој будала што ќе те веруа, бре Силјане - му рекле селаните - оти си бил штрк!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Вистина, татко, и вие, браќа селани - му рекол Силјан - ем за приказна ет мојава работа, што бев дури во долна земја или штркоа земја, кај што чоек досега не пошол и не ќе појдит, и да ме веруате оти не је чаре да ве лажам јас, чинки не ќе ви земам нешто да си клаам в кесе за да поверуате за здраво.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Кој знај, бре синко, според нишаниве што ни 'и кажуаш, вистина као да си бил штрк - му рекол татко му.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кога му ја виде Божин ногата, на чудо беше станал тој и сите селани; арно ама пак неќеле да го поверуаат оти бил штрк.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- А бре татко и ти мајко, што не ми веруате оти бев штрк и ви седев на куќава на другиот крај?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)