бил (гл.) - пријател (имн.)

Од Алилово скршнал накај селото, отишол дома кај Бришковци и Ордана нивни, за кој се зборуваше дека е ајдутин, и со кого бил пријател, го кандисувал ноќта на полноќ да нападат на Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но Ордан Бришкоски, кој бил пријател со Акиноските во Прилеп, откако го нагостил убаво, го врзал, насобрал свои соселани, и преку рид, околу мала ужина, го дотераа на срецело.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
— Мирче ми кажа дека си му бил пријател на татка му, та не сакам да ти посегнам на животот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Впечатокот му беше уште посилен кога Камилски рече дека во книжарницата последен пат влегол во 1936 година и му бил пријател на основачот Хрант Самуелиан.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Кочовите се покажале поголеми крвници од родот Поцо, веројатно охрабрени и од ова за што зборуваш ти, од тоа што го придобиле на своја страна Абди-паша, кој долги години бил пријател на Никола.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но на 26 февруари 1941 година СО2 добила информација дека шефот на бугарската фабрика за тутун, кој му бил пријател на Михајлов, истакнал дека Михајлов во тој момент бил во Рим каде што соработувал со силите на Оската и покрај тоа што тој не го сакал тоа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тој истакнал дека би можел да го доведе Михајлов во САД каде што би можел да работи за британски цели.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Шефот на полицијата, кој бил пријател на татко му, откако го прочитал писмото го затворил малиот Алфред во самица десетина минути, зборувајќи му нешто како: „Еве што им правиме на лошите момчиња”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Решија веднаш да дадат прилози за него, но успеаја да соберат сосема незначителна сума, зашто чиновниците без тоа веќе се беа истрошиле вложувајќи за портретот на директорот и претплатувајќи се за некоја книга, што им ја предложил началникот на одделението, кој му бил пријател на авторот, и така, сумата излезе сосема безвредна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)