Симптомите на Нормалноста, подеднакво како и религијата од Библијата, отсекогаш отсуствувале од психијатриските книги и единствено биле предмет на претенциозно-скандалозни расправи.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Иако симпозиумската сала беше речиси празна, професорот Седларски ги сослуша внимателно воведните објаснувања на претседавачот на сесијата а потоа, откако го остави своето сако’ на една од празните столици пријде до микрофонот и се заблагодари на дадената можност да претстави една од загрижувачките појави која досега не била предмет за сериозна расправа на ваков висок собир.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Додека приватните животи на Пикасо, па дури и на Матис биле предмет на детални студии, приватниот живот на Дишан е речиси игнориран.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Сакаше да дознае за што навистина бил предметот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не само што кружниот облик на “Ротирачката хемисфера” наоѓа свое ехо во овие тондо-а, туку и нејзините пулсирачки движења можат да се поврзат со нејзините теми, како што и самиот Дишан во една прилика го изедначи својот интерес за оптика и четврта димензија со сексуалниот чин. (6) Покрај скоро постојаното истражување на темата на сексот од страна на Дишан, зачудува фактот што историчарите на уметноста никогаш досега не го истражувале личниот однос на уметникот кон жените.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Овој бог со двократно лице веќе во Рим бил предмет на прециозни прикажувања, а неговиот лик бил чест декоративен мотив. 218 okno.mk Веќе Леонардо во цртачките експерименти во Kodex Atlanticus лицата ги подвојувал и прекршувал.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Како било можно времето кое толку ја сакало двосмисленоста, кое повеќе зборувало за Протеј отколку за Аполон, повеќе за казаустиката отколку за Апсолутот, за кое сè и секој биле реверзибилни, па и самиот грев, за кое сè имало (барем) два аспекти, да ја превиди сосема конкретната слика - староримскиот бог на вратата Јанус, богот на “почетокот” чие што седиште е Монс Јаникулус?
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)