бил (гл.) - доктор (имн.)

Одеднаш ме праша: Зошто Милке немаш обичај да кажуваш што ти се случува на стражарското место?
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Знаеш ли дека тој што си го застанала синоќа бил доктор, одел да ги обиколи болните, а ти си го исплашила.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Нашите ги прашаа дали ќе сакаат да го изградат она што е урнато од нив, а тие само кренаа рака велејќи „Хај Хитлер“. Потоа нашите ги убија.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Остана само еден кој ни покажа некаков документ, божем работел за нас и бил доктор.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Остана во рововите на Плетвар што ги копале Германците.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ние отстапувавме зашто бевме откриени од Германецот што ни помогна, тој што ни рече дека бил доктор.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Бил доктор. Па што ако е доктор, што ќе ни е, не сме болни.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)