бил (гл.) - Евреин (имн.)

Всушност, тие според брат ми во тоа време уште не биле народ, затоа што, пишуваше, биле сѐ уште само „семитски племиња“ населени во „гранична провинција“ и од нив, здружувајќи ги, Мојсеј ќе создаде народ, со цел да ја шири верата во едниот и единствен Бог – Атон, па со нив тргнал во потрага по светата земја.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потекнува од семејство на богати индустријалци, кои по потекло биле Евреи, но кои преминале во католици.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Бездруго не бил Евреин, и тие не знаеле дали е Турчин или потурченик, бег или одметник од Турците; дури и ако сакал нешто да им каже, не можеле да го чујат - ревеле, тој само безгласно ја отворал устата кога се фрлиле на него и, веќе соборен, без замав со јатаганот и подалеку од белецот, почувствувал удари со ножови, со секири и со колови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
55 А. Ј. Ејер „Трактатот и неговите последици“ - извадок (A. J. Ayer, Philosophy in the twentieh century, 1982) Лудвиг Витгенштајн е роден во Виена, 1889 година.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И така, според „Мојсеј и монотеизмот“, не биле Евреите избрани од Бог, туку од Египќанецот Мојсеј: „Нив ги избрал да бидат неговиот нов народ“.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Само малку потоа можеле да видат дека има зелени, скоро девојчински очи, бледо чело и ретка, свилеста, некако еврејска брада.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)