бил (гл.) - таков (зам.)

Па, сепак, кои биле градишчани, ако морале да бидат уништени од Европејците, и ако односот на ковицата бил таков, дружељубив? Пријатели на Византија?! Еретици?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но среќата ми била таква: се заразив од френѓус, од сифилис.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Политика... - Ха, политика?! Курва! - свика командантот. - Отсекогаш била таква... - рече учителот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во другиот имала обичај да навраќа кога расположението ќе ѝ било такво. Едо никогаш не сфати какво.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Односите биле такви што за секого било јасно дека потоците крв на нашиот народ нема да трогнат никоја од големите сили никоја од нив нема да застане цврсто на негова страна.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кога Комитетот зборува за емиграцијата, секако го има на ум раководниот слој од емиграцијата, кој во големо мнозинство навистина бил таков каков што го карактеризира в. “Отмъщение“. 12 Истото, 67 (“Отмъщение“). 13 Истото,69 (“Отмъщение“). 14 Истото, 60-61 (в.“Глас“). 15 Истото, 65-66 (“Отмъщение“). 16 Истото, 59-60 („Отмъщение“). 17
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Како да не, не бил таков, баш таков е.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Дека ве слушаат вас, затоа им биле такви – рече Игбал.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Не знам баш дали заради тоа, или затоа што уживаа без нас.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Главно тоа биле такви реакционери кои сметале дека Хитлеровата политика е подобра од Рузвелтовиот "Њу дил", потоа фашистички и антисемитски агитатори, и личности кои секој облик на либерализам го прогласувале за комунизам и сл.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
А некои од изолационистите, пак, се раководеле единствено од чувството спрема мирот и од убедувањето дека САД не се во непосредна опасност, додека други изразувале теснонационалистички сомневања спрема сите туѓи народи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Се свиткува в клопче и пушта отров што допира до мозокот. Тртката била такво едно место. - Абдалак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но никого не го засегал туѓиот живот, наморничавен и мувлосан или тромав и со глекав лој под бабуњосаните очи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Има такви места на човечката става во кои се собира зла крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Седумнаесетмината не биле таква сиромаштија и безработна рамнодушност да се протегнат преку млада трева меѓу кукуреци и качунки и на сонце да си ги одмрзнуваат коските.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Имаш право – реков – службата треба да е над сè!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Трага по гласот или по човекот со кого се надвикував, иако широкоградо ми изрази сочувство со она негово потиштено дека и тој бил таков!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Првпат и татенцето остана вкопан на место, збунет, потресен, без одговор. - Се колнам, - не престануваше Кејтеновиот син, о боже, никогаш не бил таков, - се колнам, Аритоне Јаковлески, тоа е мајка.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А ако не се памети, значи не сме биле... запиши дека сме биле такви какви што сме биле.... само не пишувај дека сме биле малодушни, зашто такви не сме биле; запиши дека сме биле премногу верни и премногу измамени, но истрајни и цврсти... така запиши...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А можеби и пред смртта на Благовеста си бил таков само што не знаел...
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)