Но в утрини мошне рано Тргнуваќи пеш кон градот Чувство мрачно во мене се збрало Лажен призрак вчерашното било Сето волшепство од вчера се скрило Нигде човек, толпа на плоштадот Никому ни добро утро, ни здраво Нигде луѓе со марионети Нигде сликари, ниту портрети Ниту какви било други марифети Само тажен, тажен изглед на градот. 2005
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Тие што тргнаа преку Веселички Рид уште еднаш, штом се завкачиле по падините на ридот, виделе дека попусто ќе одат и понатаму: во снегот немало никакви траги, ни човечки ниту, пак, од некој ѕвер, но зашто била издадена таква заповед, се префрлиле преку рид и низ Веселчани и по Џаде дури до Алинци стигнале, а другите, кога дошле до Галичка Река, решиле да не одат понатаму: од Алилово натаму снегот по патот бил сиот разгазен и колку повеќе се приближувале до градот тој толку поразгазен станувал, па зашто никој не можел да одреди кои стапалки чии се, дали од другоселски пазарџии или од ајдутинот и од Бошета, и тие се вратиле.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)