бил (гл.) - формира (гл.)

Едновремено биле формирани и пет оперативни зони и пет обласни комитети, а била донесена одлуката и за префрлање на ЦК на КПМ и ГШ на НОВ и ПО на Македонија на територијата на Западна Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Следен обид за ослободување од османлиската власт македонскиот народ направил со Брсјачката буна или уште наречена Демирхисарски заговор.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Кон крајот на 1915 бил формиран нов фронт на Балканот: Македонски (јужен) фронт.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Посебно внимание партиските и воените раководители од делот на Македонија под Бугарија посветувале на прашањето за разјаснување на македонското национално прашање и за македонското националноослободително движење во минатото.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
За непосредно раководење со партизанските одреди, пролетта 1942 бил формиран и Оперативен штаб (како орган на Главниот штаб).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во Швајцарија во 1898 бил формиран Македонски таен револуционерен комитет кој се залагал за целосна независност на Македонија и слобода на македонскиот народ.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во Кавадарци била формирана комисија како месна власт во градот и месна вооружена полиција.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во периодот од април до мај 1942 биле организирани јадрата на пет партизански одреди: Битолски, Скопски, Велешки, Прилепски и Крушевски, а до летото биле формирани уште четири одреди.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во програмата на ЕАМ ништо не се предвидувало за идната положба на Македонците.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Врз основа на идеите прокламирани во Манифестот, во Виена во 1925 била формирана ВМРО (Об).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Таму биле стационирани англиски, француски и војници од англиските колонии, а било одлучено да биде префрлена и српската војска од островот Крф (130.000 војници).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во зимата 1902 македонските студенти од Санкт Петерсбург, во Русија го формирале Македонското научно-литературно другарство кое се застапувало за целосна посебност и ослободување на Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Како реакција на ова, од страна на Србите во Македонија била формирана воено четничка организација која требало да се спротистави на четите на ВМРО.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Истиот бил формиран со решение на Македонското биро на КПГ за Леринско и Костурско, и посебниот партиски актив на Македонците во Воденско.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Постигнатите резултати, во овој период, пред сè, биле резултат на работата на ПК на КП за Македонија и Покраинскиот Воен штаб, кој во јуни 1942 прераснал во Главен штаб на Народноослободителната војска и партизански одреди на Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во меѓувреме во близината на Кавадарци била стационирана српската Тимочка дивизија чија команда на почетокот соработувала со месната власт, а своето присуство го објаснувала како привремено.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Создадена е од Илинденската организација, од бившата Македонска федеративна организација и од Емигрантскиот комунистички сојуз.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Врз основа на таа одлука, од партизанските чети на Разлошко, во мај 1943 бил формиран Разлошкиот партизански одред “Јане Сандански”, кој во 1944 бил преименуван во партизански одред “Никола Парапунов”.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Со тоа им било дадено правото на Македонците да создаваат и посебни македонски партизански единици како и посебни партиски организации на Македонците во Воденско.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
За одржување на редот и мирот во Македонија Кралството СХС ангажирало голем број војници, жандари, четници, граничари и други паравоени вооружени единици.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Ограноци на ВМРО (Об) биле формирани скоро во сите поголеми места во поделена Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во 337 г.пне. на Конгресот на сите елинските градови-држави (освен Спарта) биле поставени темелите на македонската хегемонија врз елинските градови-држави; бил формиран сојуз, прокламиран општ мир, неприкосновеност на приватната сопственост, забрана за распределување на земјата и ослободување на робовите.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На 17 декември 1912 во Тиквешкиот округ со Указ била воспоставена српска полициска власт што почнала да функционира од 1 јануари 1913. Причини за востанието биле воспоставување на српската власт, отворањето на српски училишта и цркви, биле формирани нови општински управи, а кадар се доведувал од Србија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во мај-јуни 1880 година, била формирана привремена влада на Македонија „Единство“ која во март 1881, обнародила Манифест до сите Македонци и испратила протоколарно решение до рускиот цар.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По ова започнал теророт и денационализација и асимилација на македонското население во Тивешијата.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По првичното еволуирање во однос на македонското национално прашање, таа цврсто застанала на ставот дека Македонците се посебна нација.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во 1943 , како резултат на преземените активности бил формиран и горноџумајскиот партизански одред “Никола Калапчиев”.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во духот на признавањето на полни национални права на народите на Југославија, а со цел НОД во Македонија да се раководи од едно авторитетно национално партиско тело, во Скопје бил формиран ЦК на КП на Македонија кој на 19 март 1943 година, во Тетово ја одржал и својата прва седница.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во почетокот на летото 1942 новоформираните одреди започнале засилена политичка и воена активност изразена во рушење на окупаторската власт, палење на општинските архиви, вооружени судири со окупаторската војска и полициските сили.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во септември, на иницијатива на КПГ бил формиран Националноослободителниот фронт ЕАМ.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
118 Втората македонска народноослободителна бригада била формирана на 20 декември 1943 година во с. Фуштани - делот на Македонија под Грција.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Заштитата на британските интереси во Кралството Југославија најде своја практична реализација со појавата на полковникот Дража Михајловиќ.21 Британските известителни служби и британската влада по окупацијата не располагале со податоци за состојбата на политичките сили во Југославија бидејќи нивната известителна служба била разбиена и пренесена во Истанбул и Анкара каде што бил формиран таен центар при кој се наоѓале голем број британски агенти со цел да се собираат информации за штабот на британските војски на Средниот Исток.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Гласник на ИНИ, година XXV, бр. 1, Скопје 1981, 125-126. 323 СНОФ во Костурско бил формиран од македонските комунисти-членови на грачката комунистичка партија на 20 октомври 1943 година.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
По својата форма на формирање СОЕ претставувала хибрид формиран од повеќе одделни организации кои биле формирани за таа цел: од секција Д како дел од тајната известителна служба (Secret Intelligence Service-SIS), задолжена за изведување на саботажи и која била активна на Балканот пред 1941 година; МИР дел од воениот кабинет и Elektra House, задолжен за пропагандна активност.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во самата Партија немаше повеќе многу луѓе чии идеи биле формирани пред Револуцијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со тоа и формално бил формиран британско-американски сојуз во однос на политиката на Балканот, а посебно за југословенско-бугарските преговори.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Одделот за специјални операции (СО) во Лондон бил задолжен за преземање и раководење со саботажи, за помош на движењата на отпорот и на народноослободителните движења, како и за герилски акции на териториите окупирани од силите на Оската.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во раководството на Словенскиот конгрес влегле д-р Осовски, како претседател, и Георги Пирински, како секретар.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Како главен центар на европскиот континент служел Лондон, а бил формиран при крајот на 1941 година, со цел да се олесни соработката меѓу сојузничките разузнавачки служби и да послужи како база за преземање шпионски активности и операции во Европа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По конгресот во Москва, на 19 октомври 1941, во Детроит, од претставници на словенските организации бил формиран Словенски комитет, со задача да пристапи кон свикување општ словенски конгрес.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во ситуација кога и САД застанале зад ставовите на Велика Британија, вториот секретар Адис инсистирал повторно да се реактивира барањето одговор од страна на Владата на Бугарија на прашањето од 26 јануари 1945 година во однос на преговорите за југословенско-бугарска федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)