бил (гл.) - прогласи (гл.)

Источна Македонија, заедно со западна Тракија и припадниците на Бугарија; еден коридор на границата меѓу Турција и Грција од Германците бил прогласен за “неутрална зона“; западниот дел од Македонија под Грција, со костурскиот дел од кожанскиот (Гребена и Сјатиста) и дел од Леринскиот округ ѝ биле доелени на Италија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Криол веројатно ќе бил прогласен за настрадано подрачје. И така натаму.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Прекрасни слики - сончогледи, ниви, сонца, ликови, портрети, а тие го запишале во престижното училиште „Коце Металец“ и тој завршил со највисок успех и бил прогласен за првенец на генерацијата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во 306 пне. бил прогласен за басилеј, а при крајот на 306/305 ја зел кралската титула и му објавил на елинистичкиот свет дека е независен.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
За Цар, Самоил бил прогласен при крајот на X век во Преспа во присуство на папски пратеници од Рим кои му ја донеле круната.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По оваа победа Александар III Македонски бил прогласен за цар на Азија. Влегол во Вавилон и Суза.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Западниот дел од Македонија под Грција, со Костурскиот дел и Кожанскиот (Гребена и Сјатиста) и дел од Леринскиот округ ѝ биле доделени на Италија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По ова во градот Пела од страна на Македонците бил прогласен за македонски цар.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По смртта на Филип V, за цар на Македонија бил прогласен Персеј (179-168 г.пне).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Источна Македонија, од реката Струма на исток, заедно со западна Тракија ѝ била доделена на фашистичка Бугарија, а еден коридор на границата меѓу Грција и Турција во западна Тракија по должината на реката Марица, од фашистичка Германија бил прогласен за “неутрална зона”.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Апсењето на Марко било прогласено за вонредно значаен настан.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Бидејќи сите нивни дела биле докажани и било потврдено дека сите четворица биле членови на „револуционерниот комитет“, кој имал за цел „да убива луѓе и да го урива градот“, именуваните едногласно биле прогласени за виновни за цитираните дела.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Предлогот да се убие Гарванов како одмазда за изгубените 1.000 кг динамит и скратување на можноста гемиџиската акција да се прошири и во други македонски градови бил прогласен за некорисен, бидејќи со тоа не се постигнувало ништо.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Од уапсените во Скопје, 110 души биле прогласени за “многу сомнителни“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Имено, работниците уште имаа право да бараат заштита на своите права пред надлежниот основен суд, но повеќе не во наведениов случај т.е. кога ќе беа прогласени како „технолошки вишок“ – што, секако, беше на работ на неуставноста. 25 д) бројни негативни промени претрпе одредбата од ЗРО (1993) според која работниот однос не може да престане ако на работникот не му е обезбедено барем едно од следниве три права: (1) вработување кај друг работодавец; (2) стручно оспособување, преквалификација или доквалификација; или, пак, (3) испратнина – чл. 130, ЗРО/93: •  во врска со испратнината, со промените до кои дојде со носењето на ЗРО (1993) веќе не се предвидуваше дека работникот, кој бил прогласен за технолошки вишок, а на којшто работодавецот не можел да му обезбеди ниту едно од правата во согласност со закон – има право на паричен надомест најмногу две години, а кој не може да биде помал од загарантираниот личен доход, како и право на пензиско и здравствено осигурување за овој временски период кога е без работа (чл. 18, ЗРО/90).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но, работодавачите најдоа свој специфичен начин на изигрување на оваа законска одредба – а тоа беше преку носење на т.н. нова систематизација на работните места, во којашто, намерно, го изоставаа работното место на работникот кој бил прогласен за технолошки вишок, или, пак, само го преименуваа – сѐ со цел да прикажат дека не станува збор за истото работно место. 40
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
При тоа, задолжително требаше претходно да се обезбеди мислење од синдикатот, кој беше активно вклучен во целата постапка (чл. 11-12, ЗРО/90). б) во 1993 се избриша и експлицитната одредба која велеше дека откако работникот, кој бил прогласен за технолошки вишок, веќе при- мал двегодишен паричен надоместок – потоа, во наредните две годи- ни (што значи, сè на сè четири години) – ќе има предимство при вра- ботувањето кај истиот работодавец.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Владетелите на оние градови кои граничеле со вода, потплатувале бродари да ги соберат лудите, и така бродовите пловеле со несреќниците врзани на палубите, кои ако ги преживееле жедта и гладта, ако не биле покосени од ветерот и студот, биле тајно истоварувани на првото пристаниште, а ако тоа не било можно, ги исфрлале на некое ненаселено копно, или ги фрлале во вода.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оние кои меѓу себе се сметаат за нормални отсекогаш имале потреба да постават една непреминлива граница помеѓу себе и оние кои биле прогласени за луди.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)