бил (гл.) - принуди (гл.)

До штабот на СОЕ во Каиро ќе извести: “на 1 мај 1944 година поради бугарската офанзива партизаните биле принудени да преминат преку долината Куманово-Крива Паланка.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во вечерните часови на 25 април партизанските единици, поради бугарските напади биле принудени да го напуштат Кратово.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во семејството на еден скржав имам неговата домаќинка била принудена да меле пченка, кочан и кора од дрвје за да си ги нахрани децата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Најзначајната за нив била секако што не биле принудени да одат во војска.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имамот чувал во подрумот разни прехранбени производи, како што велел, за црни дни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не можело да се замисли поголема привилегија да го спасат своето дете од најверојатна смрт кога воениот рок траел петнаесет години!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но поради нападите на Македонците, Печенезите, Куманите, и други, Крстоносците биле принудени да ја напуштат територијата на Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Македонските борци и раководители на македонското националноослободително и револуционерно движење, биле принудени да бараат и изнаоѓаат нови патишта кои ке водат кон остварување на националната идеја за национална слобода, обединување и формирање на самостојна суверена и рамноправна државно правна единица во семејството на балканските држави.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По претрпените порази Бугарија била принудена да склучи мир.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
За остварување на таквата идеја, беше потребно да се формира единствено раководно тело, кое ке биде одговорно за сите делови на поделената Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Мировните преговори биле водени во Букурешт во август 1913 На 10 август 1913 мирот бил склучен.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Не успевајќи до крај да исполни една наредба на Организацијата (да убие еден велешки чорбаџија), Диме, компромитиран пред властите, бил принуден да мине во илегалство.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Гемиџиите, концентрирајќи ја својата дејност речиси исклучиво во Солун, сакале-нејќеле биле принудени да одржуваат некакви односи со Централниот комитет на Македонската револуционерна организација, чие седиште било исто така во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Битола, 11 мај 1903. 146 Цапарци храбро се бореле, но изненадени од надмоќниот непријател, биле принудени да го напуштат селото и да се повлечат в планина.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Овој начин на регулирање на ефектот на вработените остава значителен простор за притисок врз нив и создавање на атмосфера во која тие би биле принудени да се потчинуваат на волјата на своите надредени и би била доведена во прашање професионалноста, непристрасноста и објективноста, кои пак се гарантирани со чл. 9 од овој Закон.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Капетанот Џулијан Емери, офицер на СОЕ во Каиро, бил во контакт со одделни бугарски политичари кои, по влегувањето на германските војски во Бугарија, биле принудени да ја напуштат земјата.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тие биле прифатени од Британците и сместени во Каиро.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По навлегувањето на германските војски, сите акредитирани странски новинари, заради својата сигурност, биле принудени да го напуштат Кралството Југославија и да заминат во соседните земји.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Со тоа, во периодот од 6 до 10 април 1941 година, и поради прекинувањето на телекомуникациската мрежа, Кралството Југославија била отсечена од надворешниот свет.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Потпирањето на самите себеси, коешто овие хеленистички пилоти го развиле на своите патувања, веројатно довело до развивање на нивната демократска, истражувачка природа и во животот на копно.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Пловејќи по морињата без мапи и навигациски инструменти биле принудени да ја развиваат независноста на мислите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Нескратен, тој приговор би гласел: ‘Тие не сакаат да се помират со тоа дека го убиле Бога, додека ние тоа го признаваме и така сме исчистени од вината.’ Тогаш е лесно да се увиди колку вистина се крие зад тој приговор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Биле принудени од новата религиска заедница, која освен Евреи опфаќала Египќани, Грци, Сиријци, Римјани, а најнакрај и Германи, да слушаат приговор дека го убиле Бог.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Писателите на фантастичната и научнофантастичната книжевност биле принудени да соработуваат со овие списанија, па така се случило медиумот да ги наметнува стандардите, за денешни поими, впрочем, сосема простодушни и дури наивни.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)