бил (гл.) - подели (гл.)

И тој и селото и ридиштата наоколу биле фатени во обрач на мрак зад чија граница можел тогаш да се стеснува нов обрач на онбашии, заптии, јузбаши, чауши, кајмаками, мулазими, кадии и секакви одбрани стрелци и мислители на царството, повеќето со измеќари, соколари или ќати, но сите со кубури, со долги или краткоклуни пушки, со јатагани, анџари, џилити и наџаци на чие железо со златни или со сребрени нишки е запишана муслиманската покорност пред пророкот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Светот бил поделен на обрачи - бара во која од фрлен камен се шират кругови и пак се собираат кон својата средина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Наместо ослободителни, балканските војни станале освојувачки.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Романија ја добила Добруџа, а Македонија била поделена меѓу Србија, Бугарија и Грција.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)