бил (гл.) - повика (гл.)

Во очај, по безуспешното лекување на оџите и бајачките, кришум, по првиот мрак, бил повикан еднаш и попот Вртипоп, поточно бил извлечен пијан од туѓа плевна од двајца слуги на бегот кои сепак можеле да видат во сувата слама две недоволно сокриени женски нозе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но и без тоа тој бил повикан во последен момент од Водачот да реферира за иднината на Атеистичкиот музеј.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се зборуваше дека Ниротакис и Андон Клековски постојано биле повикувани на сослушување.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И француските револуционери морале да се борат со мерценерите кои биле повикани на помош од последниот француски монарх.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
По формирањето на Националноослободителниот фронт ЕАМ во септември 1941 година, Македонците биле повикани да се приклучат кон ослободителната борба на грчкиот, српскит и бугарскиот народ како гаранција за нивното национално ослободување.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Досега не бил повикуван на толку значаен состанок. Што ли ќе биде ова?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)