бил (гл.) - пишува (гл.)

Сосем е веројатно дека признанијата биле пишувани и препишувани сѐ додека оригиналните факти и датуми загубиле секакво значење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Според овие исламски еретици, уште од XIV век, во арапското писмо, на кое бил пишуван Куранот, во секоја буква, се криел и по некој забранет лик.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Беа свесни дека делата биле пишувани во текот на некогашната борба и јунаштво за поттик и пример, но сега тоа не можеше да важи за сегашните, а уште повеќе за идните генерации.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се случувало во историјата на еден јазик да биле користени неколку смерови, како во раниот грчки јазик, кој во различни периоди од својот развој бил пишуван од десно кон лево, од лево кон десно, па дури и во двата смера наизменично (како бустрофедон).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)