бил (гл.) - зароби (гл.)

Во затворот во Софија дошол во контакт со поручникот Александар Тасиќ кој бил спуштен во Македонија со мисијата на мајорот Морган во Порече за да се поврзе со Војче Трбиќво април 1943 година и бил заробен. PRO WO 202/515A. 117 Мисијата Brasenose во состав капетан Мегдоналд и радиооператорот Џонсон биле спуштени во областа Пајкон (Северна Грција) на 3 јануари 1944 година кај мисијата Mankeywrench чиј шеф бил мајорот Квајн.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
На 7 февруари членот на британската воена мисија Кларк поради трите последователни напади на бугарскиот окупатор бил одделен од главнината на Првата македонско-косовска ударна бригада и бил заробен од Бугарите.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Според книгата на Николаѝ Котев, Воѝна без правила, Британското разузнавање во Бугарија (1939-1945) Издателство на Министерството на страната „Св. Георги Победоносец“, Софија, 1994, се истакнува дека мисијата била спуштена на 15 април 1943 година во близина на Брод на слепо и веднаш биле заробени војниците на V-та армија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Како војник бил заробен од Германците, но успеал да избега од логорот и преку Белград да се врати во Македонија.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
По враќањето во Татковината веднаш избил на чело на револуционерните акции во Охрид.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Османлиите се упатиле кон Скопје кој бил во рацете на ајдутите.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Ослепениот Петар Делјан бил заробен и одведен во Цариград.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во битката пред Куманово востаниците биле поразени, а Карпош бил заробен со голем број востаници.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Римскиот одметник успешно ги надмудрил и победил со своите римски војски, сѐ додека не бил заробен ***
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Така сета планина и планините наоколу биле полни со такви езерца.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ама изворот никој не го видел, зашто изворот бил заробен и го чувал еден огромен џин.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Бил ранет четири пати, а при крајот на војната бил заробен и депортиран во американски логор во Франција.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Вниманието на критиката и на пошироката читателска публика го привлекол веќе со својот втор роман И не рече ниту еден збор (1953).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
и еден ден се појави полковиот командир, на еден бел коњ, коњот игра, не гази на земјата, беше бил заробен од Англичаните, и кога дојде му даде команда на ротниот командир и на другите офицери да се тргнат подалеку од војниците, и тие сите се тргнаа едно двеста чекори, и полковиот командир не прашува кој каква мака има, или некоја поплака да има, и излезе еден, Ристе се викаше, а тој пак сето време само главата навалена и само зачуден, и со никого ни а, ни бе, и мајката, си мислиме, на толку молчење, сега најде да зборува, а тој ти имал мака, полкот негов ја збркал работата, а го окривиле и Ристета и го осудиле седум години затвор да лежи по завршувањето на војната, и Ристета цела недела пред тоа го учел еден адвокат од Скопје како да се пожали, го вежбал за докладот, како да се претстави и како да се поплаче и Ристе станува, јас бев часовој, вели, кога стана тоа, а имам и часовник добиено за храброст, ама јас не бев таму, кај што стана колењето и му кажува сѐ како што било,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)