бил (гл.) - заземе (гл.)

По извршениот напад и жестоките борби градот бил заземен, освен касарната и позициите на артилеријата.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Откако биле заземени градовите, Бурите ја продолжиле борбата со партизанско војување. Дури на 1.7.1902 год. Англија ги присилила Бурите да потпишат мир и како автономни републики да влезат во Британската Империја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Градот Банско, во источниот дел на Македонија, бил заземен и во него била воспоставена привремена месна управа; биле ослобододени и села во неврокопскиот крај.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Скопје бил заземен во 1392; Бугарија во 1393; Во 1396 , по смртта на крал Марко и Константин Драгаш (1395), кои биле османлиски вазали, нивната територија била освоена од Османлиите.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На 26 септември Англичаните ја освоиле Струмица.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Единиците на Вардарската дивизија на Кралството Југославија на 7 април 1941 ги започнале дејствата на дебарско-струшкиот сектор против Италијанците.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На 23 септември француските и српските единици влегле во Прилеп, на 27 септември бил заземен и Велес, а на 29 и Скопје.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Македонските доброволци во српските чети учествувале во борбите кај Страцин, Азот и Порече, а четите кои содејствувале со грчката армија учествуваат во борбите за Кожани, Сјатиста, селата Конско и Царушино.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Скопје бил заземен на 7 април 1941 година.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Според Чанга со козјото прашање во почетокот, се занимавале во Информбирото и дека не бил заземен единствен став, ами било оставено секоја партија, негова членка, да го решава според специфичните услови во земјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)