бил (гл.) - забележи (гл.)

Меѓутоа, бил забележан од телохранителите и, сфаќајќи дека не ќе може да ја изврши својата задача, се повлекол малку, запалил една бомба и седнал над неа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Да знаеше каде живее и во кое време си оди од работа, ќе можеше да среди да ја пресретне некаде на патот кон дома; но да се обиде да ја следи додека си оди дома не беше безбедно, зашто тоа ќе значеше шуткање пред зградата на Министерството, што сигурно би било забележано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но истиот полуостровски дух не бил забележан и на Балканот? запраша Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Е тоа може да биде добро прашање за да го разбереме и поимот милет, кој во османскиот јазик се пренел од арапскиот и бездруго имал свое место и во андалузиската култура? рече Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но него најмногу го возбудуваше можното постоење на лавиринтот во полифоното четворогласно пеење, кое било забележано само кај неговиот албански народ на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)