бил (гл.) - донесе (гл.)

Од чардакот на нашата стара куќа, која во последните години со жена ми Агна ја услагодивме за живот - го подредивме чардакот, ги сменивме диреците и веќе скапаните штици на подот, ги обновивме искривените рамки на прозорците, ги варосавме бело собите, ги урнавме, со голема тага, гнездата на ластовиците, ставивме тешка спорогоречка печка за топлење зимата, го проветривме тешкиот метален сандак кој го имаше задржано мирисот од пред седумдесет години кога бил донесен од Америка - гледам како се спушта пределот кон долината од чии млаки се креваат пасма пареа кон небото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Talk to me, Steve, you have such a beautiful voice. Tell me something about your country“, налактена на шанкот, полупијана, му рече девојката која се гордееше со тоа што нејзиниот прадедо со првите доселеници бил донесен во пранги од Шкотска.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
На престолот бил донесен кралот Петар II Караѓорѓевиќ.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По иницијатива на раководството на СНОФ и во согласност со КПГ била донесена одлука да се формираат и вооружени сили на СНОФ со ознака СОВ (Славјано-македонска народноослободителна војска).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во 1918 година, бугарскиот цар Фердинант II абдицирал во корист на својот син Борис III (1918-1943).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во 1926 бил донесен Указ за промена на имињата на населените места, географските топоними и др.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Истиот ден Воениот совет на Третиот Рајх донел одлука за напад на Југославија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Такви единици во почетокот на 1944 биле формирани во Костурско.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Динамитот од Ќустендил бил донесен во Софија и преку Милан Саздов, келнер во возот што сообраќал на линијата Белград-Цариград, се праќал за Цариград.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тука бил донесен куферот на Шатев, што останал во паробродската агенција, и пред него бил прегледан и предаден на судската власт.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Била донесена и Уредба за создавање Бановина Хрватска, како посебна автономна државно-правна област.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По демонстрациите организирани на 27 март 1941 година, бил извршен воен државен удар, со кој на престолот бил донесен малолетниот крал Петар II Караѓорѓевиќ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Била формирана пробританска влада со претседател генерал Душан Симовиќ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
57 Се однесува на државниот удар предводен од ген. Душан Симовиќ од 27 март 1941 година против пристапувањето на Југославија кон Тројниот пакт.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)