бил (гл.) - вовлече (гл.)

Чувството за доживеаниот пораз уште повеќе го зголемува тоа што кога тој ќе сфати дека бил вовлечен во некаква битка, црниот човек веќе ја има свршено сета своја работа, па можниот набљудувач нема време ни да помисли дека некој некого нападнал.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Не верувам дека самите го измислиле.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Се приближувала војната, француските весници ги разгледувале можностите за заштитата на Париз од севозможни воздушни напади, а Набоков сѐ уште бил вовлечен во играта на литературни мистификации.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Да бидеме праведни, почитуваниот судија кого си го замислувам во овој момент како објективен застапник на својата професија можел да ѝ се обрати на поротата и со овие зборови: кажете ми почитувани браќа, кој од нас е спремен да се откаже од привлечната понуда на некоја убавица?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ги поттикнав да ми помогнат да разберам како биле вовлечени во оваа форма на реагирање во конфликтни ситуации, и да го идентификуваат развојот на таквиот начин на комуникација.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Можел да го изведе и заклучокот дека само поради слабоста на Бунде кон женската убавина, несреќников бил вовлечен во крвавата пресметка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)