бил (гл.) - внесе (гл.)

Динамитот бил внесен во Солун во буриња за солена риба; сите го копале каналот до Банката; во дуќанот на Марко биле складирани 283 кг. динамит.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
А сепак, храмот се изградил и во него свечено бил внесен заветниот ковчег, следен од харфи и цимбала, и од песната на канторите: „Подигнете ги, порти, горништата свои, подигнете се, вечни порти, и ќе влезе царот на славата“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој цинично ми одговори: ’Сеедно ни е дали тие ќе бидат обесени здрави или болни!...’“181 На 6 мај Георги Манасов бил внесен во еден голем салон, во кој, покрај неколку виши офицери на чело со претседателот на Вонредниот воен суд Едип паша, имало и двајца цивили.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)