бил (гл.) - ангажира (гл.)

Се правдаа, тврдеа дека ме сметаат за исправен, дека знаат оти сум бил ангажиран за помош за прославата на јубилејот на браната, но дека ова била нивна должност и така натаму, како што зборува обично секоја полиција во такви прилики.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Меѓутоа, нема сомнение за тоа каков впечаток им оставиле Солунските атентати на оние што биле ангажирани околу последните подготовки за востанието, што гледале како Македонија се претворала во огромен воен логор, во огромен затвор во кој се фрлаат најинтелигентните сили на земјата, како огромниот терор застрашува да ја разнебити Организацијата...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Од неодамна овој фонт можете да го најдете под името Reactor. 180 okno.mk По матурирањето 1992, Frere-Jones бил ангажиран од Фонт Биро со полно работно време и ја започнал работата врз третиот комерцијален фонт Nobel, базиран врз дизајнот на S.H. de Roos.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во таа насока бил ангажиран и Орме Сарџент, кој врз основа на дотогашните сознанија за Македонија и односите со соседите, како и врз настаните што биле во тек, подготвил "Меморандум" којшто го доставил до министерот за надворешни работи, Антони Идн.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Откако го прочитав ова, започнав да тријам раце ко вевчански ѕидар што преку тендер бил ангажиран да изврши хидроизолација на Венеција.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
На 5 декември 1944, Антони Идн го испратил овој документ до своите колеги, за запознавање со "македонскиот проблем и со идејата за обединување на Југославија со Бугарија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Владе секако би сакал да се одржи прославата затоа што бил ангажиран да подготви сценарио за краток филм и изложба на фотографии и текстови за јубилејот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)