биде (гл.) - што (прил.)

Западната наука сѐ до денес се наоѓа на сериозни искушенија да биде што пообјективна штитејќи ги експериментите од секое субјективно корумпирање од страна на гледачот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Со левата рака ја држеше вратата за кваката одвнатре, а со десната беше потпрена на другата пола од вратата и чекаше со рамнодушен израз на лицето да биде што ќе биде.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Добро, добро – попушти Дедо Мраз штом виде дека пречканицава со налудничавково не води никаде – биди што сакаш, викај се како сакаш, па и Нероден Петко, само кажи ми едно: каде се наоѓаме и што се случува со нас?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Не можеме да ја превидиме новата порака на квантните истражувања, според кои свеста игра активна и неделива улога во она што го познаваме како физички универзум.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
При него таа се губеше сосем, гледајќи да биде што понезабележена, зашто секое нејзино послободно движење ќе го проследат преку железната рамка на очилата неговите студени и остри очи.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А некој друг од мајсторите прирече уште: „Сега ќе биде што ќе биде - “.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го нарекоа Али Ахмед, ги зеде за жени Мунивер, единствената ќерка на Мусли бег, и жената на Арслан бег, некоја потурчена Гркинка, и заедно со нив, за да биде што подалеку од Дамческите, зашто можеа да го убијат за одмазда, се пресели во битолското село Чаирлија, таму да господари со чифлигот што му беше ветен на Арслан бега.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)