биде (гл.) - овде (прил.)

Општината и училиштето ќе бидат овдека изградени, на долните падини на Горник и од горна страна на срецелото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таа се стори шо се стори, ами колку повеќе ќе бидеме овде, — толку поарно за селото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ами кај вати аскерот, бре Митре? — праша пак Марко Попов.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се надевам дека ќе бидам овде.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Се надевам дека по десет години, без многу мистифицирање, ќе можам да го правам она што најдобро го знам.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Полицаецот: Тие ќе бидат овде за десет минути.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Питон: Можеме да бидеме сигурни дека за десет минути ќе бидат овде.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
„Ти, значи“, вели, „сакаш да бидеш овде, на овие гробишта, во Маказар.“ „Така, решив“, му велам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ќе бидеме овде, јас свиен во твојот скут, во овој жолтозелен простор кон кој води еден единствен, тесен пат, како што е впрочем секогаш речиси правило, тесен пат да води кон широкото и пространото; ќе останеме овде под сината вселена по која една голема жолта месечина плови како залутана лаѓа во пустина, со изветвено знаме што се вее, како што некогаш бев ти зборувал, без бои веќе и без припадност.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Еднаш, кога не ќе бидам овде, куќава ќе се урне. ...
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кога ќе се вратиш, јас сè уште ќе бидам овде, биди без грижа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Колку е убаво да знаеш дека некој те чека и дека не мораш воопшто да се плашиш дали во меѓувреме, додека се вратиш, ќе замине – си помислив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Еднаш, кога не ќе бидам овде, куќава ќе се урне. ...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Доколку не прекршуваат ниту еден закон, а не сакаат да бидат овде, тие имаат право да бидат слободни,“ рече Клара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Или самото лудило е прекршување на законот?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Така ти се чини“, вели. „Сѐ додека трубат трубите, војните ќе бидат овде, покрај нас, спремни да се огласат“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Јас, поправо, и не помислувам дека ќе бидам овде на оваа планета толку долго, тоа е само игра и иронична идеја што ми падна на ум, за да ми мине времето.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)