Знаеше дека веќе се гледаат себе си како го совладуваат длабокиот снег, а знаеше дека ќе биде најдобро кога би ги држало тоа до вечер, сѐ додека не стасаат во селото. Го ценеше тоа чувство во нив.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Татко предложи турцизмот севап да се најде во листата на османизмите, но спротивставен на значењето на инаетот, верувајќи дека двата поими на тој начин ќе бидат најдобро разбрани, секој посебно и заедно.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски можеше да помине на претставување на новиот турцизам атер, од првично арапско потекло, кој семантички се надоврзуваше на инаетот и севапот, се појавуваше и самостојно во балканските јазици (hairy на новогрчки, hater на романски, hаtr на албански, хатер на српски), со првично значење на турски (hatar) мисла, памет, паметење, прифатен во другите јазици и како милост, љубов, обѕир, добра волја да се направи нешто за некого или за некаква повисока цел, почит, кон Севишниот, кон другиот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)