биде (гл.) - тажен (прид.)

Задниот дел од поткровјето постепено стануваше Билиева област. (Били беше еден од првите Фектори- момци).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Она што навистина ми пречеше се телевизијата и радиото кои ги програмираа луѓето да бидат тажни. (...) Неколку месеци подоцна дознав дека зградата на компанијата за куки и јажиња ќе биде раселена, па затоа во ноември најдов друго поткровје каде Џерард и јас ја пренесов­ме целата опрема - платното, боите, четките, ситата, работните плочи, радиото, крпите, сѐ - во новиот простор кој наскоро ќе стане Фектори. (...) Фектори беше голема околу 20х30 метри и имаше прозорци свртени кон југ.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ми беше мило што Кенеди беше претседател; беше симпатичен, млад, паметен - но не ми значеше многу што е мртов.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Да бидеш тажен на светол летен ден, во градина што изобилува со живот, е потажно отколку да бидеш тажен во ноемвриски ден кој нема ни овошје ни цвеќиња со ниско спуштено небо и со врани што гракаат на безлисните врвови на дрвјата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Нема да можеш да општиш со младата по дома, туку само во кола на некој запуштен паркинг зашто секогаш едно ќе биде со температура, па ќе биде дома, или сите ќе бидат здрави, ама барем две ќе бидат тажни дека им фали оној другиот родител што не е дел од ова, закрпеново семејство.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не биди тажен и мисли на она што е пред нас и она што сме должни да го работиме.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
БОРИС: Вие младите едвај чекате да бидете тажни.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Бабо, - ѝ реков, забележувајќи дека искрено се лути, - не се нервирај и немој да бидеш тажна, тато тебе те сака.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Биди тажна. Несмирено плачи Солзата е сепак една радост оти болот може да се рече.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Помеѓу оваа прва изјава за сопствената несреќа од 1964-та до кулминацијата на тој мотив во сонетот “Грижа на совест” од 1976-та, оваа тема се провлекува низ целата поезија напишана меѓу овие датуми.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Можеби тоа не е важно / ... Ми останува само задоволството да бидам тажен.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Неговото најголемо задоволство беше, се разбира, пишувањето, и тоа посебно пишувањето поезија, но дури и на чинот на пишувањето тој гледаше како на актерска претстава: “Ги сакам песочните часовници, мапите, типографијата од 18- иот век, вкусот на кафе и прозата на Стивенсон; оној другиот ги дели тие склоности со мене, но толку самобендисано што ги претвора во својства на еден актер /.../ Margina #32-33 [1996] | okno.mk 211
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во ТВ интервјуто дадено на Вилијам Бакли 1970-та, Борхес прецизно рече: „Мирно ќе ја примам смртта, бидејќи сум мошне уморен, бидејќи во животот останаа премалку задоволства за мене“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)