Наместо да ја оспоруваат или да ја подриваат конвенционалната женственост, тие се здобиваат со моќ преку нејзина преувеличена, претерана, хиперболична и нападна изведба (а тоа е она што голем број феминистки ги тера да бидат сомничави кон нив).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Планот е, со комбинација на борби, пазарења и временски добро темпирани предавнички напади, да се обезбеди еден прстен од бази што целосно ќе ја опкружува едната или другата ривалска држава, а потоа да се потпише пакт за пријателство со тој противник и да се остане во мир со него доволно долго, за да престане да биде сомничав.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Без да се обидува да бара машка моќ и привилегија и, така, без да изгледа дека поприма мажествени родови одлики (за разлика, во таа смисла, од некои политичарки и адвокатки или директорки и други жени на положба што има некаков авторитет), дивите, сепак, успеваат да остварат положба на општествена надмоќ.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И покрај целата нејзина несериозност, таа задржала елемент на опасност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)