Овде ќе бидат отворени 20.000 нови работни места.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Куќа без капиџик се сметала за проклета, без отворена врата кон другиот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се случувало, неретко, капиџиците да бидат отворени помеѓу семејствата од различни религии, кога биле затворени надворешните порти.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Нашите порти се затворија, чекајќи да бидат отворени за некој друг.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Мораше некои страници полни со лага да бидат избришани. Мораше токму пред пристигнувањето на Ѓорѓе картите да бидат отворени.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Но сите когнитивни научници би се согласиле дека, еден „добар“ модел на умот би требало да биде отворен за нови искуства.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Девојката нема никаков грев и портите од рајот ќе ѝ бидат отворени, а душата на нашиот син нема да најде мир, ни на овој ни на другиот свет.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Сите тие срца само сакаат да бидат отворени, искрено да поверуваат во зборовите што ги слушаат, и така самите пред себе да си ги откријат сите свои тајни.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
— Тие организации што ги напаѓате, велам, токму тие направија секоја македонска куќа да биде отворена.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Дишењето му е толку тивко што само затворените очи ѝ зборуваат дека тој всушност спие; оној ден кога навистина ќе го најде мртов, претпоставува, очите ќе му бидат отворени.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Најмногу што можеме да сториме, во вакви околности, е и понатаму да бидеме отворени за неопределениот карактер на тие полиња на практика и чувствување, како и за метафоричната и фигуративна природа на самите општествени процеси.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Наместо тоа, таа мобилизација создава полиња на практика и чувствување што ги исцртуваат можностите за контакт или сооднос помеѓу културните форми и нивните публики, нивните потрошувачи и нивната јавност, а кои се пренесуваат од една на друга генерација.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Едноставно, немаме добар јазик за таа појава – само разнообразие од критички народски зборови (како што е зборот „идентификација“), сите до еден збунувачки, штетни или непрецизни.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Се обидов да читам од книгата што ми ја донесе татко ми од Лондон за да ме воведе во тајните на англискиот, (со кој, како што тврди тој, „сите врати воживотот ќе ми бидат отворени и ќе станам светски човек“), ама ништо не ми влегуваше во главата.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Сите врати ќе ви бидат отворени.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Решив да бидам отворен. „Слушајте“, реков.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Ајде, не натегај се, тркни до главниот влез. Вратата ќе биде отворена.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Документот за кој станува збор – да бидеме отворени, станува збор за писмо – стигнал до ограбената личност кога таа била сама во кралскиот будоар.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Не би можел, размислував, толку да биде слеп за да не види дека и најскришните и најдалечните места од неговиот дом како најобични ормани ќе бидат отворени за погледите, за проверките, за дупчалките и микроскопите на префектот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Сите сакаат овде да бидеме тоа што не сме, а ние да се плашиме да им кажеме на децата кои сме! – Со нашите чеда мораме да бидеме отворени – продолжи Татко – како и секогаш, мора сепак да им го довериме нашето минато.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)