Освен во печатена верзија, оваа детална и опширна студија е достапна и онлајн на следните линкови: http://lenka. mk/wp-content/uploads/2012/10/obezbrednuvanje_na_trudot.pdf и http://www.solidarnost.mk/wp-content/ uploads/2013/01/032-obezvreduvanje-na-trudot.pdf. 10 лавиринтот на измените, најзначајните позитивни и негативни измени со задебелен текст ќе бидат истакнати на самиот почеток во анализата на соодветните закони, а дополнително читателот ќе биде упатуван на конкретните членови со кој дошло до изменување и/или дополнување на постоечките законски одредби.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Камилски, сепак, инсистираше Татко да запре ако не на најкарактеристичните во духот на нивната мисија, тогаш да избере барем еден, а според него ги имаше повеќе кои би требало да се внесат во листата на (без)опасните турцизми.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко ги истакнуваше зборовите кои со векови опстанале во балканските јазици, не можејќи да бидат истиснати од нови зборови и сметаше дека на листата треба да бидат истакнати тие зборови, што беше во спротивност со првичната концепција.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)