биде (гл.) - жив (прид.)

Во тие села што се покрај Езеро, се фрлаат во езеро, од страв, да не бидат живи фатени.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Биди жива и здрава да исчекаш и да ме ожениш. Ја свеќа ќе ми запалиш, ја венци ќе ми целиваш!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Тој е делумно одбранбен („Ако сум мртов, никој не може да ме убие”); делумно е обид да се потврди поразителното чувство на вина кое ја измачува индивидуата (отсуство на правото да се биде жив).
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Нека бидат живи, јас и од планина ќе ги помагам тристапати поарно, отколку овдека да робувам сто години аргатин на Велиовци за сто гроша.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе го видите ако бидете живи — сомнително одговори Ѓуро, познавајќи ја слабата страна на Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Ќе ида, вели, кај ќе умре он — нека умра и јас“. Ама мерак, мајкатааа!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како што на некои гробишта, како на овие во Пиза, им е судено за навек да бидат живи.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
А и вековите си го прават своето – некои зборови се кажуваат и за да се заборават.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Зарем можеа да ги пренесат во мртвите, кога и самите сакаа уште да бидат живи?
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Та новата рана ја отвори старата; денес, кутра, да не бидам жива - над синот и мажот оплакувам одеднаш!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Здивот ми го земаа, со мојот живот да ги удостојам, што не живеам, да бидат живи.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Сашо: Ама тоа не е вистина. Јас божем ќе те изедам, а ти пак ќе си бидеш жив и здрав.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
А јас не можев да поднесам ти да бидеш жива, а да не си моја сопруга. Дали ме сфаќаш, Рози?“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Му се чинеше природно и неминовно таа да биде мртва бидејќи никогаш повеќе не ќе може да му биде сопруга и беше невозможно да биде жива, а да не му биде сопруга.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Вие не сте способни тоа да го направите, па дури и да имате време неколку години, ние нема да бидеме живи.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но ниту една болка не е доволно силна – дури и кога би си ги ископал очите, дури и кога би се подложил на најмачно бавно умирање; затоа што неговото Јас е одамна мртво и, ако нешто може да го оживее, тогаш тоа сигурно не е болката. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога го прашуваат зошто го прави тоа, одговара: „За да бидам жив.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Што весел да бидам, бре татко - му рекло момчето - коа уште утре ќе бидам жив, чунки царот ќе не губит дека не можиме да му напраиме синџир од песок?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Оделе што оделе по рамен пат и втасале до едно угорниште; одејќи по угорното му се смачило на Лалата и му рекол на чоекот: - А, бре чоече, мене многу ми се смачи од угорново, ама голем како тебе уште поеќе ти се смачило.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Му отворил збор еднаш царот на Лалата за оти сакал да се жени.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Дошол царцкиот син при царицата да види што родила и тие беа му рекле: - Ти биди жив, честити царе, оти сестра ни наместо дете ѕвездалија да роди, ти роди едно куче.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Детето што го врлија в море беше го кренал еден талаз, та беше го однесол на една ада и беше ги исврлил на суо.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Владимир Миленков Драга Рада, Вие требаше да се викате Момо Капор, само нему и Вам ви текнува и ви прилега ваква анализа, бидете живи и здрави и радувајте нè со Скопски приказни. Поздрав В. М.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Изолда како љубовница, а како сестра Убавата Ода...“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Свилата е вештачка, храната ужасно синтетичка и прилега на оние фалсификувани продукти со кои се колкаат мумиите, а жените – стерилизирани против несреќи и стареење – престанаа да бидат живи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Дали некогаш ти паднало на ум, Винстоне, дека до 2050 година најдоцна, нема да биде живо ниту едно човечко суштество кое би можело да разбере еден ваков разговор, каков што водиме сега ние?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако бидам жив во животов, сакам да одам да ѝ кажам еден збор, оти тогаш, кога ја испратив кај Црноеч, се збркав и не проговорив како човек.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ќе осамнит утре, ако бидеме живи, ќе собереш некој селанец, тој ќе бидит.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Нека бидат живи, нека дојде тоа време.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нека бидат живи и здрави, од наречници не се куртулуа, — рече Рожденката и отиде да си ја гледа работата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Да не ми дојде потамо припрто — ако бидеме живи — ете, троа по троа, малу ногу, шо велаат, да пособереме, колку да не сме од векот одделени, та зар да не направиме некои товари! — и Доста врцна со вретеното посилно, да и каже на Бојана оти треба да се работи, а не како таа што се излежува.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Биди жив и здрав, ќе си одиме и ќе а земиме Рожденкината чупа. Пет пари да не даваш од попот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Mope, нека бидат живи ќерките, брату, та лесно е за кожувите, — одговори Стојо и и честита и на Доста, го одви девојчето, го поткрена дури до греда, го остави во крошнето и извади еден бел черек, кој го носеше од пред три месеци за овој ден и го дарува првото внуче од брата си.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Оти пак да не му а дада ако бидат живи и здрави да пораснат?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога Крсте два дена пред пазарот ѝ кажа оти татко му од десет лири не може да му даде повеќе, таа стана, отиде во земникот и му изнесе дваесет наполеони и пет лири и му ги врза (во едно крпче: — Земи, сторите арч со стрико ти Трајко, та за враќање — бидите живи, со Толето ќе се есапите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Да бидеме живи и здрави, ќе ги прибереме и твоите родители и браќа кај нас, како што ги прибрав јас моите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Секој правоверен да излезе со еден заграб дрва и да присуствува на интересното погубување на бунтовниците кога ќе бидат живи изгорени.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Додава уште да внимава на Ленче и мажот, тие ѝ се сега она што продолжува од нив, не е важно какво семе се, црно или бело, важно нивно семе е, и се провикнува Варди го Ленчето кога ти велам, преку неа и ние ќе бидеме живи!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И своето верување во Бога таа го поврзуваше со мисијата која ја имала од него – да биде жива само за да си ги спасува животите на своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Големо зло е мртви луѓе како мене да бидат живи!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Пауза. Тишина. Сите збунето го гледаат.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Ако бидам жив и отидам во с. Кокино, можеби ќе ги допунам сознанијата со поопширни податоци за племето Буколовци.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Жив си затоа што јас ти давам да бидеш жив. Разбираш. Те носам под мишка како лубеница.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
БОРИС: После ќе бидеш жив и здрав.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ЈАКОВ: (Се удира по уста) Будала еден, постојано ги тераш луѓето да бидат живи, а нив им е толку удобно што се мртви. Со какво право? Простете, бацувам раце, се препорачувам топло, простете.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сашо: Ама тоа не е вистина. Јас божем ќе те изедам, а ти пак ќе си бидеш жив и здрав.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)