биде (гл.) - добар (прид.)

Бидете добри домаќини – бранете го својот двор!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ти си Забава и немој тоа да го пропуштиш!
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Едноставно појави се таму каде треба и биди добар гост и повеќе никогаш нема да мора да живееш по хотели. 124 Margina #15-16 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
„А, затоа беше вревата! Зошто веднаш не ми рековте?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Да ѝ бидеш добар брат, а таа да расте, да дочекаме ученичка да ми стане.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Па ова е голем настан. Сестричка не се раѓа секој ден. Честито, Ташко!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ене ви ја старата навика на геј-мажите да се нарекуваат во прво лице велејќи не „јас“, туку „мајка ти“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како таква, мајката долго им служела на геј-мажите како камп алтерего.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Или „не ми ти може мајка ти поинаку – многу ми те сака“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Милер ова јасно го изнесува додека објаснува зошто особените, но заеднички преданости на геј-мажите кон одредени дела од главнотековната популарна култура може да бидат добар извор на информации за особените обележја на машкиот геј- субјективитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Така, „мајка ти ми ти е многу уморна денеска – денес да бидеш добар кон неа“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
НЕДА: Иване, мили... биди добар. Биди разумен. Иване, се плашам.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
А веднаш крај нив кулоарските еминенции, перфидните „византијци“ кои предизвикуваат страв, налик на господинот Џемперко со кого нѐ плашат дека ќе ни биде претседател ако не бидеме добри. И тоа е целиот јавен живот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но, ниту Снеже ниту Саво не ја губеа надежта. Знаеја дека еден ден и во нивниот дом ќе се чуе детскиот плач и смеа и дека ќе бидат добри родители.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Јас многу често уживам само да бидам добар слушател. - И судија! - му дофрли расположената Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Да бидеме добри граѓани.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Биди добар, така другите ќе бидат добри со тебе, т.е. така си добар со себе.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Синкаст регион во горниот дел на сликата би можел да биде небо; неколку региони кои составени даваат правоаголна форма би можеле да бидат добри кандидати за врата или прозорец; дел од паралелопипед може да биде кандидат за покрив и уште ако над него има регион кандидат за небо, а под него регион кандидат за прозорец, тогаш на хипотезата дека разгледуваниот регион е покрив и се припишува голема веројатност.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Како чавка која чува светликави предмети во своето гнездо, привлечена од нивната уникатност, тој умееше да биде добар пријател како протагонистот Чавка од еден стар југословенски филм.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Најпосле мајка му рече: „ А сега биди добар и јас ќе ти купам една играчка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако бидете добри, вечер ќе донесам за секого по еден кутија локум. Разбравте?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Така им одговара на големите сили: и со едните да бидат добри, и со другите...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сите велеа дека се добри луѓе, а бе итрите кај можеле да бидат добри?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„Па, не можам сега да престанам. Наскоро ќе дојде мигот. Ќе бидам добра, прости ми.”
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Од Вас зависи колку ќе бидете добар истражувач, затоа што очите се само дел од играта...
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
А тој, гнидата, го набедил човекот и ете сега, како што слушам, седи во затворот во Нивици и изнесува и истура во езерото кофи лајна...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Разбирам! - подигна рака за поздрав и, откако постоја уште малку, рече: - Разбирам, ама да знаете, другар командир, дека јас таму нема да бидам добар шофер...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Не смееш. Твојот нема да биде добар.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Така ме викаат другите, ама јас не се согласувам со додавката на моето име, оти мислам не сум толку добар и не ќе бидам добар до колку не им угодам на прекрасниве суштества, што сум ги создал, а нема со кого да играат...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ние, девојчињата, си ги сакавме и кога понекогаш, ама повеќе од навика им велевме добар ден, наместо калимера, тие не ни се лутеа и не нѐ караа, ами ни велеа: - Дома, со мајките, бабите и дедовците, секогаш да си зборувате само грчки, зашто само така ќе можете да бидете добри девојчиња и тогаш и Господ и Богородица многу ќе ве сакаат и секогаш ќе ве заштитуваат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Имате желби да летате, да патувате, да бидете сакани, да ви се живи и здрави тато и мама, имате желба убаво да се облекувате, да имате свои книги, имате желба да бидете добри ученици, да имате добри другари и слично.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
А тоа се пред сѐ: добро да учите, добро да се однесувате, да развивате кај себе работни навики и да ја сакате работата, да бидете уредни, да бидете добри другари и слично.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
ЗА ПОУБАВ СВЕТ СЕ БУДИМЕ НАУТРО и веднаш, првата мисла, првата желба ни е денот што е пред нас да ни биде убав, а тоа значи успешно да си ги завршиме сите работи за тој ден, да бидеме здрави, да бидеме добри и да не ни се случат никакви непријатности.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- А сега оди си. Биди добар па утре ќе ти раскажувам за Возовија.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)