биде (гл.) - вистински (прид.)

И така, работењето наше ќе треба да биде врз почвата на народното просветување: мирно, легално, еволуционо; тоа ќе има за цел интелигенцијата да биде вистинска слугинка на народот, а не наопаку.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако успеат да ме натераат да престанам да те сакам, тоа ќе биде вистинско изневерување.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Упорно ја следеше до првиот маркет. Сметаше дека тоа ќе биде вистинското место за почетна средба.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Птицата треба да биде вистинска но да не личи на ниту една вообичаена птица, и треба да може на своите крилја да ја понесе тежината на приказната на девојката).
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Станав дипломат со дипломи. Но требаше да се биде вистинскиот дипломат како Татко во преживувањето, во фугата на балканскиот егзил, во постојаното потврдување, во вечното прилагодување, во неизвесната одбрана на животот, спасител на семејството.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Се разбира дека турско, ама нема да биде вистински турско.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сакате да ја зарадувате, сакате тој ден таа вистински да се чувствува убаво, денот да ѝ биде вистински празник.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Их, тоа ќе биде вистински живот!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)