Ами Ти, сѐ уште си невина рожба човекова создадена за да бидеш вечен и да паметиш бидејќи тој е минлив; ти сѐ уште си невино детенце кое не ги распознава дури ни буквите, не знае ништо за зборовите, не чита песни - Ти, едноставно си - Бог!
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Тоа е воедно и можноста да се биде вечен.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Човекот потиснат од привременоста сака да биде вечен.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Градот потоа бил и во владеење на вашиот цар Самуил, подоцна во владеење на Бугарите, на Норманите, на Србите - мислеле ли и тие дека ќе бидат вечни? Мислеле.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Јустинијан го преселил градот овде. Ја изградил тврдинава, ја сместил тука дури и архиепископијата. Мислел, ќе биде вечен.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Шуми, шуми, родно знаме, биди вечен цвет и пламен, биди жар и братска љубов, биди зрак на живот убав.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
О, бесрамна нека ми биде беседата
нека биде вечен нескладот
меѓу изгледот и суштината
постојат волшебни приказни во коишто
сѐ е налик на стварноста
во коишто нема ништо
што би можела да го објаснам
ладнокрвно и рамнодушно!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
И тогаш грнчарот зеде едни ножици и задишано праша: - Сакате ли да бидете вечни?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Но Сија Хаџибанова набргу се прибра, се созеде. Си погледна во нозете, како да сакаше да се увери дали ѝ се тука, и уште побрзо избега.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)