биде (гл.) - човек (имн.)

Зарем највисоката човечка одговорност да се биде човек, а не животно, овде исчезнала?
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Поарно е малку да се отспие и да биде човек трезен кога е буден. (Пауза.) Ја сретнав Лиле. Праша како си и те поздрави. СТЕВО: Не ми е гајле.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Биди човек, малечок Леме, - Големата вода ги повтори неговите зборови, - биди човек малечок Леме и стегни го срцето.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Биди човек, малечок Леме, - ми рече, - биди човек здржи се, не сме веќе сами, - покажуваше кон Големата вода.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кога најпосле ме одлепи од ѕидот, сам ќе се соѕидав, кога ме виде таков, ја пушти онаа негова весела, голема насмевка и рече: - Биди човек, малечок Леме! Биди човек, другар!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Биди човек, Кејтенов сине, - го молев, - издржи, не паѓај!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Сакам да бидам човек, човекот е посилен од карпата!“
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Уредникот треба да биде човек достоен во секој поглед, познат по својата усрдност и верност, кој ужива литературна слава без оглед што се наоѓа на државна служба, готов за корист на владата да го пренебрегне јавното мислење и почитување заради цврстото убедување во нивната целосна некомпетентност.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но, најважниот услов за успех ќе биде изборот на уредник за ваков владин орган.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)