биде (гл.) - татко (имн.)

Нивното шестмесечно бебе - кое требало да ми биде татко - спиело во колепката.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Којшто ќе каже дека ме љуби како Господа, и јас ќе го заљубам, ќе му се покажам самиот и во него ќе си направам храм и тој ќе ми биде син, јас ќе му бидам татко.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Едноставно чувствувам потреба да ја имам сликата на таа личност пред мене.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јас немам друго минато освен скудното минато на мајка ми и минатото на таа непозната личност која требало да ми биде татко.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Дали некогаш си помислил дека си ја сретнал личноста за која си се посомневал дека можела да биде татко ти?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Верувај ми - реков - ако ја познавав во она изминато време мајка ти, како што ја познавал на пример Даскалов, можеби ќе ја замолев да ми дозволи да ти бидам татко.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Инаку сакам да те уверам дека се она што се случувало со вас, со тебе и со мајка ти, сепак било нејзин избор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И поодредено објасни ги причините што те натераа да поверуваш дека токму Даскалов можел да ти биде татко?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Разговарале и се смееле, никој од нив не претпоставувал дека во пустелијата ќе сретнат жив човек.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор Проказник од своето засолниште веќе можел да им ги види лицата: најстариот, мажиште со виснати жолти мустаќи и со тешки веѓи на арамиски или кираџиски чауш можел да му биде татко на најмладиот сѐ уште не во годините на Перуника, на другите, испиени и брадосани од планински живот, тешко можело да им се определат годините.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но веднаш продолжи да нагаѓа: „А можеби Иван Степанович и свесно го поттикнал Ролана да биде татко на неговото дете“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А подоцна додаде: „В ред, можеби директно и не го поттикнал.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)