биде (гл.) - сведок (имн.)

Немам одговор, ниту сега, ниту било кога, испуштам воздишка која е почеток на плач, горчлив очај и знам дека ако почнам да плачам никогаш нема да можам да престанам, не можеме да бидеме сведоци на ова време ние сме негови жртви.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ги пронајде двете загубени души што сплаварот ги беше оставил на спротивната страна. Ѝ остана уште да ги врзе двете откинати алки, да биде сведок на асоцијативното спојување на двата пловечки острови во водите на Власинското Езеро.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Времето нека биде сведок кој на кого пред нос му затвори врата. Кој беше вера, а кој невера!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За да не биде сведок на конечната пресуда, Раде влечејќи ја Анѓа ја напушти собата, затворајќи ја вратата зад себе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Ти си знаеш, а искрено посакувам да бидам сведок на таа глетка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Темнината ја беше дарила својата помош за да го сокрие и да биде сведок на најдолгиот безвременски бакнеж.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сигурно беа дојдени да бидат сведоци на мојот пораз.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Јас видов што се случи но во никој случај не би се дрзнал да бидам сведок на тоа што го видов.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Слегнав за да се исповедам и да си го олеснам страдањето од неправдите на кои сме осудени да бидеме сведоци, да гледаме, да пластиме, без можност ниту офка да изустиме. Да си олесниме.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но, сега кога го преслушувам дискот и кога во ушите ми одѕвонуваат стиховите „О, играчки мои / од детството мое“, некако сами ми се наметнуваат одговорите на прашањето: Зошто татко бараше да бидам покрај него, да бидам сведок на музичката творба?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Камерата ни овозможи да бидеме сведоци на неговата најинтимна насмевка или воздишка.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ми беше, да ти признам, малку и тешко да те гледам...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ако кажел тој: записот значи тоа и тоа, одајата веќе немало да има клучалница, и секој ќе можел да биде сведок на блудот негов!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Можеше да биде сведок и посреден учесник на тоа, како најубавата работа во нивниот живот се престорува во најлошата работа, што можело да ја има во нивното село.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Којзнае можеби еден ден станувајќи рано в зори ќе бидеш сведок на некој неверојатен настан кој решил да се случи за токму тебе да те направи славен а ти суетен поет кој дотогаш само за природа си пеел и мислел дека си главен неверуваќи им на своите очи ги затвориш кепенците од куќните одамна дотраени прозори и нишајќи со главата во негодување на она што пред тебе животот го точи длабоко ќе воздивнеш велејќи: – одамна заминаа моите возови 2006
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Уште е поитна потребата само-конструираната реалност да се соопшти некому друг - за така таа да се материјализира.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На западната култура секогаш ѝ требале субјекти да бидат сведоци за значењето на опстанокот и за историските тела во однос на коишто текстот на деструкцијата е запишан.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Веројатно во него на прво место била веста за да се израдува татко - дека веќе ги посетувам часовите во машката гимназија Цветан Димов , а потоа за тоа дека парите што ги носев со себе веќе ми се при крај, дека повеќе сум гладен отколку сит ( леблебија за 20 динари), дека кај Нанчо спијам на гола земја откако ја сметувам косата што ја стрижи преку ден, ама дека и тоа во последно време сака да ми го откаже оти не му е пријатно да бидам сведок на она што го прави со некои прибрани жени од железничката станица во заградениот дел со обична хартија за завиткување!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Многу малку психијатри можат да бидат сведоци на вакво нешто сега, бидејќи процесот би се запрел или трансформирал со лекови и електрични шокови доколку бил примен навреме.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Јас не знам што му стана нему.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но, сепак, најлошо по ова мое несреќно сведочење е тоа што јас, иако сум уверен во тоа што го видов, во никој случај не би решил да прифатам да бидам сведок.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
На тој начин, штом одбереш еден автор за свој љубимец, толку повеќе чест ќе имаш, особено ако тој е странски, напаѓај ги другите и зборувај само за него, припишувај му ги оние грешки, што тој ги нема, додавај му ги оние одлики, кои тој никогаш ниту ги имал: нема ништо попривлечно од глетката на двајца млади, како спорат за своите автори, кои не ги читале; мене честопати ми се случуваше да бидам сведок како епиграмите на Русо ги победуваа “Ноќите” на Јунг, а победата секогаш остануваше на страната на младиот човек чие грло е поздраво.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
5. Избери си случајно, неколку автори, научи им ги имињата, замисли дека еден од нив те плени тебе со својата убавина како што Дон Кихот си замисли дека Дулчинеја го плени, а очи не ѝ виде.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)