биде (гл.) - пријател (имн.)

Знаеш што? Ќе измислам сон во кој ќе минуваме низ вселената.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Памти ми го зборот – лошо племе ќе ве споплати и ќе дојди време нас, Турците, да нѐ молите да ви бидеме пријатели.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Жими вера и имаат право. Таков магаршчилак да се токмит кај нас, а ние да не знаеме и да не кажеме, навистина за бесење сме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Доцна е за други пријатели, вели Јон, било речено, вели, непријателите да ми бидат пријтели, вели и збира плуканици, ама устата му е сува, нема што да подголтне.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пајо, реков. И кога ќе се раздвоите, пак ќе бидете пријатели.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Таа како и обично си сакаше познати фаци, а мене не ми се баш секогаш на приоритетна листа но, што е тука е, таа се запали на него, а јас морав или барем требаше да бидам пријателка и да ѝ правам друштво.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ме запозна со сестрата НАДА со неа често кокетирав сакаше да бидеме пријатели сѐ дур смртта нѐ не раздели
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Сакам и понатаму да не бидеме душмани, ако не можеме да бидеме пријатели.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)