биде (гл.) - маж (имн.)

КРТОВИЦА: Крту, барем еднаш во живот биди маж!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
КРТОВИЦА: Цел го излижа!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Не знаејќи како повеќе да биде маж, постојано се грижеше за очилата на другар му.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тој беше далеку од тоа да биде маж - потчинет на жената, но помислата за машка превласт во неговите машки гради во голема мера беше ублажена од силната личност на Кети и од неговиот приземен разум.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Зашто залудно е сè ако во жената што ве љуби не можете да ја зачувате љубовта, туку со својата нетрпеливост и лудост бегате од неа и дури ни во зрелоста на едното цело со неа не умеете да созреете доволно за да ѝ бидете маж, а не дете.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Она што всушност ме одби од Луција таа вечер беше едно ситно движење на нејзините нозе, едно сосема беспрекорно, технички изведено поместување на нејзините колкови, со кое таа ме привлече кон себе, ме зароби, и јас се најдов токму на местото каде што треба да биде маж кога спие со жена; беше тоа една совршена технологија на водење љубов, нешто што за искусниот маж е вистинска посластица, кога ќе го сретне кај некоја жена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа се збуни. „Зошто?” праша. „Ќе ти биде маж”. Девица позелене и падна во несвест.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Таа го префрли рачето преку моите гради, се стисна поблиску до мене и ме праша: - Бато, сакаш ли да бидеме маж и жена кога ќе пораснеме?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Брат и сестра не можат да бидат маж и жена.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но, немав смелост да ѝ ја кажам вистината.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Подлец си... Скришум пушиш! - си зборував.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Биди маж! Ако имаш три чисти запали пред тато и мама.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)